Свет

Холандскиот премиер очекува прво дете со својот партнер

Роб Јетен и неговиот партнер Николас Кинан објавија дека наскоро ќе станат родители со помош на сурогат мајка

Холандскиот премиер Роб Јетен (десно) со партнерот Николас Кинан

Холандскиот премиер Роб Јетен, кој на 38 години стана најмладиот премиер во историјата на оваа земја, објави на социјалните мрежи дека тој и неговиот партнер Николас Кинан го очекуваат своето прво дете, кое ќе го добијат преку сурогат мајка и донор на јајце клетки.

„Доаѓа некој многу посебен. Се гледаме во 2027 година, малечок. Нема доволно зборови за да ја изразиме нашата благодарност до нашиот донор, сурогат мајката Лиза, како и до нивните семејства. Без вас, ништо од ова не би било остварливо“, напиша Јетен на својот Инстаграм профил со соодветни фотографии.

Роб Јетен, кој е премиер од февруари оваа година, е свршен со аргентинскиот репрезентативец во хокеј на трева Николас Кинан, кој во јавноста веќе ја има неформалната титула „прв господин“ на земјата.

Тие се во врска од 2022 година, а нивната романса започна сосема случајно – се запознале четири во супермаркет во Хаг. Како што самиот холандски премиер еднаш откри за медиумите, тоа била класична филмска средба: „Се сретнавме со очите и веднаш кликна“.

По две години врска, во ноември 2024 година, двојката официјално ја објави својата свршувачка. Тие планираа да се венчаат минатото лето, но ја одложија свадбата поради новата должност на Јетен.

Најнови вести од: Свет

To top