Македонија

Нови амбулантни возила пристигнуваат во Скопје

Владиниот проект за набавка на 100 амбулантни возила влегува во завршна фаза

Нови амбулантни возила денеска се носат на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што е најавена промоција на владиниот проект за набавка на вкупно 100 возила за итна медицинска помош.

Со проектот е предвидено 80 возила да бидат распределени во јавните здравствени установи низ Македонија, додека 20 се наменети за Скопје. На промоцијата ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

Набавката е директно поврзана со едно од предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ, содржано во „Платформа 1198“.

Во делот за целосно опремување на Итната медицинска помош, партијата се обврза во текот на мандатот да обезбеди најмалку 100 нови возила, соодветен медицински персонал, како и проширување на мрежата на пунктови за итна медицинска помош во Скопје и во регионалните центри низ државата.

Со пристигнувањето на возилата, едно од клучните ветувања од предизборната платформа влегува во фаза на конкретна реализација.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top