Македонија

Виталност и енергија во менопауза : летна магија со нутриционистот Симона Коруновска!

Здрава храна за летните вечери

Секоја нова трансформација низ која поминува женското тело е можност жената да ја прегрне својата зрелост, да го слави искуството кое го стекнала, да ја зајакне својата внатрешна сила и да ужива во секој миг што ја прави целосна и автентична. За време на менопаузата телото минува низ промени кои можат да нè збунат: од ненадејни топли бранови, до борба со килограмите и променливо расположение… Токму затоа храната станува наш најдобар сојузник – правилниот избор на оброци може да помогне да се чувствуваме полесно, поенергично и посмирено.

Нутриционистот Симона Коруновска заедно со dmBio ви подготвија еден вкусен и здрав освежувачки оброк за разладување во летните денови.

https://www.instagram.com/p/DNs8dFh0GTU/

Рецепт :
• зелена салата
• тофу dmBio
• 1/2 праска
• 1 лажичка ленено семе dmBio
• 1 рака мешани јаткасти плодови dmBio
• 2 парчиња пршута
• малку пармезан
• маслиново масло
• цеден лимон
• балсамико крем

Наместо да ја доживуваме менопаузата како крај на една фаза, можеме да ја прифатиме како нова можност – време кога му подаруваме на телото сè што му е потребно за да остане силно, балансирано и полно со енергија. А најубавото? Секој залак е мал чекор кон виталност – и зошто да не, кон откривање на нови омилени вкусови. Токму таква е и оваа оброк-салата: лесна, свежа и хранлива – идеална летна вечера што ќе ве освежи и засити во исто време.

Најнови вести од: Македонија

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Најнови вести

To top