Македонија

Министерот Мисајловски на средба со командантот на КФОР

Денес, во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со генерал-мајор Енрико Бардуани

facebook.com/misajlovskivlado

Денес, во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со генерал-мајор Енрико Бардуани, командант на мисијата на НАТО, КФОР, на Косово. Разговорите беа фокусирани на клучната улога на КФОР во зајакнувањето на стабилноста и безбедноста на Косово, што има позитивно влијание врз целиот регион.

Мисајловски истакна дека во услови на сложени геополитички предизвици и нестабилност, одржувањето на сигурен и безбеден Западен Балкан е приоритет за Северна Македонија. Тој нагласи дека земјата ќе продолжи да игра улога на стабилизирачки фактор во регионот.

Со оглед на тоа што мандатот на генерал Бардуани како командант на КФОР наскоро завршува, министерот Мисајловски му се заблагодари за одличната соработка и координација со македонскиот контингент во рамки на мисијата. Од своја страна, Бардуани ги пофали македонските војници за нивниот професионализам и посветеност во извршувањето на задачите, изразувајќи благодарност за континуираната поддршка на Македонија во КФОР и нејзиниот придонес за мирот и безбедноста во регионот.

За време на посетата, генералот Бардуани се сретна и со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, со кого разговараше за тековните активности и соработката во рамки на мисијата.

Македонската Армија учествува во мисијата КФОР од 2020 година, придонесувајќи за одржување на стабилноста и безбедноста на Косово и во поширокиот регион.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top