Хроника

Уапсен на Косово убиецот на 26 годишникот од Пластичарска

Застрела 26-годишник и побегна

Рами Кучи е уапсен денеска на Косово. Тој е првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик.

Според информациите, тој бил уапсен од косовската полиција, во меѓународна акција за недозволена трговија со дрога на територија на Република Косово. За Кучи беше распишано централна и меѓународна потерница, а по вториот осомничен сè уште се трага.

Тешкиот инцидент се случи вечерта на 6 септември во Дуќанџик. Кучи заедно со И.С. се сомничи дека пукал кон група лица.

Во престрелката животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.

Најнови вести од: Хроника

Врсници тепале малолетник во училиштен двор во скопски Бит-Пазар и го снимале со мобилен, па објавиле на интернет

Неколку малолетници нападнале дете во двор на основно училиште во Скопје. Нападот бил снимен со мобилен телефон, а снимката потоа била објавена на интернет.

Кривична пријава против ексградоначалникот на Струмица Костадинов, С.Р. (38) и Ј.П.(60), поради „злоупотреба на службената положба“ и „фалсификување исправа“

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против Костадин Костадинов (36) од Струмица, поранешен градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) од Струмица, поранешна  раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица и против Ј.П.(60) од Битола, тогаш управител на правно лице од Битола (сега ликвидирано). Постојат основано сомневање дека Костадин Костадинов и С.Р. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а Ј.П. сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

To top