Македонија

Ќе има ли огромен удар за Таравари – Какви обврски преземал за инвестицијата која ја поништи премиерот Мицкоски

Нема потврда за становите во еден соседен град за кои се шпекулираше во врска со поништената албанска инвестиција

Дали зад денешното соопштение на владеачката ВМРО-ДПМНЕ за лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари се крие огромен удар со кој лекарот ќе се соочи наскоро.

Од соопштението може да се заклучи дека зад заминувањето на Таравари од владата стојат матни зделки и обврски кои Таравари ги преземал Таравари во врска со албанската инвестиција Ѓока која ја поништи премиерот Мицкоски.

„Таравари не излезе од Владата поради грижа за правата на Албанците, одговорите нека ги побараат во обврските преземани за инвестицијата Ѓока“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Алијанса на Албанците на Арбен Таравари треба да научи дека кога неосновано критикуваат и измислуваат, притоа ставаат зборови во уста кои не биле кажани од премиерот Мицкоски, ќе добијат аргументиран и издржан одговор“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Алијансата за Албанците.

„А вистината зошто излегоа од Владата не се крие во грижата на Таравари за Албанците ниту пак борбата за некакво подобрување на нивните права.

Вистината е многу едноставна и болна.

Членовите и заинтересираните за вистината одговорите нека ги побараат во една инвестиција на Таравари што се вика Ѓока. Какви обврски превземал и какви услови прифатил. Тоа не е наш проблем. Оставаме сами да си ги решат“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Таравари од владата замина кратко време по скандалот со албанската компанија Ѓока која ги доби на концесија паркинзите на Скопскиот клинички центар на огромен период со плаќање на мала сума пари.

На социјалните медиуми се шпекулираше со одредени апартмани во една соседна држава кои што биле неформален дел од пропаднатиот договор со албанската инвестиција но таа информација досега не е е потврдена ниту е процесирана од обвинителството и други инвестиции.

Најнови вести од: Македонија

„Ни мртва нема да го направам“ – Сиљановска-Давкова: Не договарам уставни измени зад затворени врати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека постојат правни и политички механизми со кои Европската Унија може да понуди дополнителни гаранции за земјите кандидати, но истовремено категорично порача дека нема да прифати уставни измени договорени надвор од институциите

Мицкоски: Клиничката болница во Скопје ќе се гради кај „Борис Трајковски“

Владата останува цврсто на ставот дека новата Клиничка болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот кај арената „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

Иста судијка, две одлуки: Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова

To top