Македонија Бизнис

Македонија неславен европски лидер по возила со манипулирана километража!

Според обемното истражување на експертите за автомобилска дијагностика од компанијата „Карли“ (Carly), која собира милиони податоци секоја година преку своите ОБД-апарати, секое четврто половно возило продадено во Македонија во 2024 година имало манипулирана километража. Со 25,61 процент такви автомобили лани, Македонија е неславен лидер во Европа, пред Србија и Албанија со по 22,55 отсто и […]

Според обемното истражување на експертите за автомобилска дијагностика од компанијата „Карли“ (Carly), која собира милиони податоци секоја година преку своите ОБД-апарати, секое четврто половно возило продадено во Македонија во 2024 година имало манипулирана километража.

Со 25,61 процент такви автомобили лани, Македонија е неславен лидер во Европа, пред Србија и Албанија со по 22,55 отсто и Црна Гора со 20,53 отсто.

Бугарија е осма со 14 проценти продадени возила од втора рака со вратена километража и во тој поглед се наоѓа меѓу Босна и Херцеговина и Романија.

Германија е на изненадувачки високото десетто место со 12 отсто, а тоа се објаснува со засилената трговија со користени автомобили со земјите од Источна Европа, а таква е ситуацијата и со Франција, Шпанија и Холандија, од кадешто 8 отсто од продадените „стари коли“ лани биле со нереална километража.

Европскиот просек е 9 проценти, а на врвот во позитивна смисла се земјите од Северна Европа – Исланд со 3 отсто, Норвешка со 3,78 отсто, Финска со 4,38 отсто и Шведска со 5,21 отсто.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

To top