Бизнис

(Фото): Американската амбасадорка Агелер го посети градилиштето на Kоридор 8

Новите автопатски правци не се важни само за граѓаните на Македонија, туку претставуваат и стратешки транспортни мрежи на НАТО, со кои ќе се зајакне регионалната трговија и поврзаност.

Американската амбасада во Македонија соопшти дека амбасадорката Ангела Агелер го посетила градилиштето на делницата Тетово–Гостивар од Kоридорот 8, за да се запознае одблиску со работите што ги изведува компанијата „Бехтел-Енка“ на Kоридорите 8 и 10.

Во објавата се истакнува дека новите автопатски правци не се важни само за граѓаните на Македонија, туку претставуваат и стратешки транспортни мрежи на НАТО, со кои ќе се зајакне регионалната трговија и поврзаност.

Најнови вести од: Бизнис

Македонија со пофалби за напредокот во енергетските реформи и либерализацијата на пазарот на струја

Од надлежните институции во земјата посочуваат дека реформите ќе продолжат со засилено темпо, со цел создавање модерен, конкурентен и одржлив енергетски пазар, усогласен со европските стандарди и во интерес на граѓаните и стопанството.

Милијарди се во игра: Колку навистина заработуваат најбогатите луѓе во светот?!

Според извештајот, најбогатите 10 проценти од глобалната популација контролираат околу 75 проценти од светското богатство. Авторите на извештајот предупредуваат дека овие екстремни разлики меѓу богатите и сиромашните станале неодржливи.

На 15 декември не се затвора трезорот, ќе има К-15 за сите во државните институции, тврди премиерот

Премиерот ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека Буџетот е празен и дека трезорот се затвора на 15 декември, нагласувајќи дека државната каса е ликвидна и сите тековни обврски се извршуваат. Мицкоски објасни дека 15 декември е поставен како рок за институциите да ги достават сите тековни расходи, а не како датум за затворање на трезорот. Целта е, вели тој, исплатите да се завршат навреме и да не останат незавршени обврски кои би се книжеле во следната година.

Работна средба на Бранко Азески со раководството на „Филип Морис“

Од Филип Морис, како компанија со странски капитал која повеќе години делува во Македонија, истакнаа дека деловната клима во глобални рамки има свои предизвици,  но, сепак успеваат да ги реализираат предвидените цели и таргети. Укажаа на одрeдени состојби со кои се соочуваат и тие, но и останатите компании од тутунската дејност кои заедно делуваат во Комората преку Здружението за производители на тутун и преработки од тутун.

Eвропската унија со конечна одлука за малите пратки од Кина

Кинеските онлајн продавници се критикувани за непочитување на здравствените и безбедносните стандарди какви што постојат во ЕУ. Преку нивната апликација, „Шеин“ и „Тему“ продаваат стока од производители чии трошоци се пониски, меѓу другото, бидејќи не мора да ги спроведуваат тестовите што ги прават производителите во ЕУ, ниту да рециклираат вратена стока, што е случај во Европа.

To top