Македонија

Од Brainster Next College до инженер за роботска автоматизација во Makweld Robotix – интервју сo Леонид Марковски

Доказ дека и од Македонија може да се освои светот

Леонид е еден од дипломците на Brainster кој денес успешно ја гради својата кариера како Robotic Process Automation Engineer во Makweld Robotix. Неговиот пат многу јасно покажува што значи студирањето на Brainster Next College: постојано учење преку пракса, работа на реални проекти и директна соработка со индустријата.

 

Уште како студент, Леонид Марковски  имаше можност да помине низ две пракси во различни компании, да учествува на хакатони каде решаваше реални предизвици, да работи на проект за Cineplexx и да ја одбрани својата дипломска на тема поврзана со автоматизација и превод на спортски вести. Сето тоа не му беше само академско искуство, туку подготовка за да биде спремен веднаш да влезе во индустрија и да започне кариера која денес е во самиот врв на технолошките трендови.

 

Како проектите на Brainster Next College ти помогнаа да стенеш реално искуство уште како студент?

 

Искрено, проектите на Brainster Next College ми беа најблиску до тоа како изгледа вистинска работа во компанија. Не беа класични „школски задачи“ што ги завршуваш и толку, туку реални сценарија каде што имавме тимови, рокови, клиентски барања и многу моменти кога требаше да решаваме проблеми во движење. Токму тоа ми даде чувство дека сум веќе во индустрија, само што имав простор и да учам и да грешам.

 

Како праксата во Таргет Груп ти помогна да стекнеш самодоверба и професионални навики?

 

Праксата во Таргет Груп ми помогна да изградaм баш тие професионални навики што ги бара секоја компанија од еден софтверски инженер. Најмногу научив колку е важно да имаш дисциплина – да го почнеш денот со план, да поставиш приоритети и да го следиш прогресот. Се навикнав да пишувам чист и документиран код, да користам Git како што треба, и да работам со task management алатки

 

Во исто време ми влезе во крв и тимската работа – stand-up состаноци, редовна комуникација и feedback, што на почеток ми изгледаше малку формално, ама после сфатив дека тоа се професионални навики кои ти прават животот полесен и го креваат квалитетот на целиот тим.

 

 

Кои знаења и вештини од Brainster Next College најмногу ти помогнаа да се истакнеш и да се подготвиш за работата со индустријата?

 

На Brainster Next College најмногу ми помогна тоа што динамиката беше баш како во реална компанија – постојано имаш рокови, состаноци, тимска работа и тоа те учи на дисциплина. Мислам дека тоа беше првата голема лекција: да умееш да организираш време и да бидеш одговорен за својот дел од проектот.

Втора работа се меките вештини – комуникација, презентација на идеи, да знаеш да преговараш и да бараш feedback без да се плашиш. Овие вештини искрено се покажаа исто толку важни колку и програмирањето, бидејќи индустријата бара инженери што умеат да функционираат во тим и со клиенти, не само да пишуваат код.

 

И нормално, програмирањето и техничките знаења – работа со современи технологии, алатки за колаборација, Git, agile методологија. Тоа ми даде confidence дека сум спремен за индустрија, не само со теорија, туку со практична основа која реално се користи.

 

 

Како е твоето искуство како Robotic Process Automation Engineer во Makweld Robotix?

 

Моето искуство како Robotic Process Automation Engineer во Makweld Robotix е искрено next level. Работам на најразлични проекти за огромни клиенти во Македонија кои се во индустријата, и секој проект ми носи нов предизвик и нова прилика да научам нешто. Имам директно искуство со програмирање на коботи, што реално е еден од највозбудливите делови, бидејќи гледаш како од код буквално се движи и работи машина.

 

Ова искуство ми ги отвори мислите на многу фронтови за понатаму во кариерата – од тоа како се гради автоматизација за цели фабрики, до тоа како се управува со процеси и тимови. Динамиката и начинот на работа во компанијата се фантастични – темпото е брзо, атмосферата е професионална, а сепак имаш креативна слобода.

 

Искрено, можам да кажам дека Makweld Robotix е една од најдобрите компании во Македонија за tech и индустрија, и тоа што сум дел од неа ме прави да се чувствувам како да сум чекор пред другите во мојата кариера.

 

Што би им порачал на сегашните студенти кои се уште се на почеток?

 

На сегашните студенти би им порачал да не се плашат и да не се ограничуваат во тоа што го учат сега. Иако јас дипломирав како софтверски инженер, се префрлив на роботика и автоматизација – и искрено, тоа ми отвори уште повеќе врати. Денес имам прилика да работам и софтвер, и роботи, и автоматизација, што е комбинација што пред неколку години ни јас не ја замислував.

 

Поентата е дека кариерата не е права линија – можеш да смениш насока, да комбинираш знаења и пак да бидеш успешен. Важно е да останеш љубопитен, да пробуваш нови работи и да си дозволиш да излезеш од „комфор зона“. Баш таму се случува најголемиот раст.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Кривична пријава против поранешен директор на АХВ за проневера

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, неговиот заменик и уште петмина вработени во АХВ, поради проневера во службата.

Касами: Не стојам зад Хаќим Рамадани и не го поддржувам во Брвеница, оти предизвика етничка поделба

Градоначалникот на Тетово и лидер на Движењето Беса Билал Касами во интервјуто, дадено за ТВ Алсат, нагласи дека на прагот на вториот круг на локалните избори на 2 ноември тој и коалицијата Вреди не ги поддржуваат ниту Фатмир Дехари како кандидат на ДУИ за градоначалник на Кичево, ниту Хаќим Рамадани како кандидат на Вреди за претседател на општина Брвеница.

Ѓорѓиевски: Левица е во коалиција со ДУИ, се виде уште од првиот круг, тоа го потврдуваат сега и фотографиите!

„Левица имала поддршка од ДУИ уште во првиот круг на локалните избори.“ – нагласи кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски во вечерашната емисија „На дуел кај Иван“ на Канал 5 телевизија.

Касами: Дехари не донесе ништо добро во Кичево, не можеме да застанеме зад него само оти е Албанец!

Билал Касами, тетовскиот градоначалник и лидер на Беса, од коалицијата Вреди, во интервјуто за ТВ Алсат посочува дека „намерата не била да се поддржи ниеден кандидат, поради етничка припадност, туку врз основа на морални вредности и политички перформанси“.

To top