Повикот на лидерот на ДПА за „постигнување целосна политичко-територијална автономија на Албанците во Македонија“, што би претставувало оживотворување на фантазијата наречена „Република Илирида“, го објави денес весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје во својата информација со наслов „ДУИ чека пред вратата на Мицкоски“.

„Оваа идеја се консумира. Идејата на ДПА за тоа е сè уште тука. Јас раборам на ова 33 години, го знам тоа. Мислам и ќе размислувам вака до крајот на мојата политичка кариера, дури и кога ќе ја напуштам политиката. На Албанците од Македонија им е сѐ ова залудно, ако не постигнат целосна политичка и територијална автономија“, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во емисијата „Дијалог“ на „Лајм“.“