Македонија

Дурловски објави видео за песната „Цела се Битола расплака за Александар Турунџев“

По повод 120 години од погубувањето на големиот јунак Александар Турунџев

По повод 120 години од погубувањето на големиот јунак Александар Турунџев, оперскиот пејач Игор Дурловски денеска го промовира видеото за песната „Цела се Битола расплака за Александар Турунџев“.

Дурловски песната ја изведува во пијано придружба и аранжман на Николче Мицевски, а продукцијата е на XL Studio Momiroski, додека видеото е на Николај Грнчаров.

„Изведбава е омаж и благодарност кон подвигот што останува вечен симбол за Битола и Македонија. Ова е песна што не потсетува дека хероите живеат во нашата музичка меморија“, пишува на својот профил на Фејсбук Дурловски.

Во чест на Турунџев, вечер во организација на Општина Битола, во 19:30 часот од ОУ „Ѓорѓи Сугарев” каде бил затворен ќе тргне поворката во негова чест која ќе се движи преку плоштадот Магнолија, крај реката Драгор, Ат Пазар до местото каде е поставен споменикот. Таму во очи на откривањето на споменикот премиерно ќе ја изведеме „Црно му било пишано”.

Најнови вести од: Македонија

Креативност што создава иднина: Разговор со Весна Божиловиќ пред „Креативен ден 2026“ – Битола

Зад секој силен настан стои визија, посветеност и приказна што инспирира. „Креативен ден“ во Битола веќе години наназад ги поврзува младите таленти, модните професионалци и образованието во едно уникатно искуство кое оди многу подалеку од класична модна ревија.

To top