Македонија

Нов натпис со македонска кирилица на споменикот на Турунџев во Битола

Само една седмица по откривањето на споменикот, Општина Битола ја замени спорната табла

Општина Битола го исполни ветувањето и во најкус рок ја замени спорната табла со натпис на новопоставениот споменик на војводата Александар Турунџев со нова на македонска кирилица.

„Општина Битола ја замени спомен-таблата на споменикот на херојот Александар Турунџев, која не беше напишана со македонска кирилица. Како што можете да забележите од сликата, сега сè е во ред, напишано на македонски јазик, со македонска кирилица. Вечна слава на херојот!

Општина Битола, честитки за експедитивноста!

Зборуваме на македонски јазик, пишуваме со македонска кирилица“, реагира на Фејсбук графичкиот дизајнер и типограф Ласко Џуровски, еден од најгласните поборници за стриктна употреба на официјалното писмо во Република Македонија.

Споменикот на великанот на македонската револуционерна борба беше свечено откриен на 20 август, на 120-годишнината од извршената смртна казна со бесење врз него на тогашниот Ат-пазар во Битола.

Најнови вести од: Македонија

Николoски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија

Во второто тримесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 процент во споредба со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски

Четири ленти, велосипедски патеки и ново осветлување со реконструкцијата на булеварот „Мит’хат Фрашери“ во Чаир

Следната недела ќе започне реконструкцијата на булеварот „Мит’хат Фрашери“ во Општина Чаир, еден од клучните инфраструктурни проекти во општината, соопшти денеска Општина Чаир

Јаневска: Синот на пратеникот Милошоски не добил стипендија од МОН!

Министерството за образование и наука не доделило државна стипендија на синот на пратеникот Антонио Милошоски, изјави денес министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавите на социјалните мрежи дека синот на пратеникот добил државна стипендија од МОН за студирање во странство, на универзитет во Мадрид.

To top