Македонија

Хаос и голема тепачка меѓу две групи вчера на собир на ДУИ во Чаир, во присуство на Ахмети и Османи: ескалира незадоволството!

Во ДУИ се повеќе „врие“, незадоволството е очигледно, особено по лошата ситуација на теренот – јавуваат албанските медиуми.

Голема тепачка избувна вчеравечер меѓу две групи во Чаир за време на изборниот собир на Демократската унија за интеграција во близина на ресторанот „ФАФА“, каде што беа присутни и претседателот на партијата Али Ахмети и нејзиниот потпретседател и кандидат за градоначалник на Чаир Бујар Османи. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Ѓурме“.

Натаму порталот истакнува: Настанот се случил вчера околу 19 часот за време на собир, кој бил најавен како средба со политичкиот актив на ДУИ во Чаир. Според сведоците, по зборовна расправија меѓу учесниците, ситуацијата прераснала во физички судир, предизвикувајќи тензија и хаос.

Информациите од местото на настанот укажуваат на тепања со тупаници и туркање, во кои биле вклучени неколку лица. Незадоволството е очигледно во ДУИ, особено по лошата ситуација на терен. – објави „Ѓурме“.

Најнови вести од: Македонија

Институт за јавно здравје со итни мерки за справување со ѓубрето во Скопје

Андоновска кажа дека меѓу препораките е Општините да направат вонредна итно вонредно испирање, дератизација, дезинфекција и дезинсекција на местата со расфрлан отпад и контејнерите, и иако тоа не е толку лесно во поглед на снабдување со соодветни средства, Општините треба да најдат начин тоа да го спроведат дополнително во овој период.

Николоски до Касами: Заврши политиката на етнички поделби и непринципиелни политики, соработката во Владата може да продолжи само врз основа на принципи и вредности

„Билал Касами не треба да се срами и да му биде непријатно тоа што Македонците во Тетово гласаа за него во првиот круг. Тој сега треба да им испорача на тие луѓе.“ – нагласи потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.

Ахмети тврди дека ДУИ и НАИ се „победници во првиот круг на локалните избори“ и пак бара предвремени парламентарни избори

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја нарече коалицијата Вреди „Здружение Газиместан“, асоцирајќи дека била, според него „губитничка политиката“ на Вреди, како што била и политиката на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, познат по неговиот говор на Газиместан во Косово во 90-тите години од минатиот век. Но, Али Ахмети со својот „триумфалистички настап“ денес само ги игнорираше многубројните оценки на независни политички аналитичари не само од Македонија, туку и од сиот Балкан, дека оној, што претрпел пораз и тоа „историски“ е токму тој, со укажувања дека и навистина треба да се повлече од политиката.

To top