Македонија

Ислам Абази ќе го истражува Љупчо Коцевски за прислушувањето

„Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите“, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во врска со информациите од АНБ за следење на политичари и новинари.

„Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите“, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во врска со информациите од АНБ за следење на политичари и новинари.

Обвинителството, како што наведуваат, само ги проследува законски заснованите барања од АНБ за превентивни разузнавачки мерки до Врховниот суд, кој потоа издава наредба за нивна реализација.

„Согласно законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго предвидени во самиот закон. Во однос на претходните наводи за следење на премиерот, по насоки на јавниот обвинител на РСМ, Љупчо Коцевски, ОЈО ГОКК оформи предмет во кој се преземаат дејствија на проверки. Воедно и наводите во последните известувања од АНБ детално ќе бидат испитани“, соопштија од Обвинителството раководено од Ислам Абази.

Ова е уникатен случај бидејќи Абази ќе истражува врз основа на каква проценка евентуално Коцевски потпишал налог за следење на тогашниот лидер на опозицијата, што е дел од неговите надлежности, но конечната одлука не ја носи тој.

Најнови вести од: Македонија

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Судот особено ги истакнува видот и карактерот на игрите на среќа, нивната масовна достапност, обемот и сложеноста на нивното организирање, како и потребата од засилена контрола, надзор и заштита на јавниот интерес

АСОМ: Законот за игри на среќа треба да се повлече и да се изработи ново решение

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) оценува дека јавната расправа во Собранието за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри покажала дека предложеното законско решение содржи сериозни недостатоци и дека е потребно негово целосно повлекување и изработка на нов закон.

Уставен суд: Имињата на улиците во Тетово биле сменети без барање и согласност на Владата!

На 17 јуни, Уставниот суд на Република Македонија ја укина Одлуката за промена на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, донесена на 24 април 2007 година.Од Уставен денес појаснија дека во текот на постапката, поради недоставување на документацијата во целост, Судот во четири наврати побарал од Општина Тетово да се достави целокупната документација којашто претходела на донесувањето на оспорената одлука. Но, Општината ја доставила ниту согласноста ниту барањето за согласност, кое било испратено до Владата, туку Листата на имиња на улици и плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, донесена на 30.11.2006 година.

To top