Македонија

Стојаноски: Скандалот со прислушкувањето се граничи со државен удар

Во емисијата „Ставот на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави

Во емисијата „Ставот на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека политичката ситуација во Македонија е стабилна, но аферата со прислушкувањето на политичари, бизнисмени и новинари претставува сериозен скандал, кој тој го опиша како државен удар поради злоупотреба на државни ресурси.

„Се работи за тоа дека Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање во периодот од пет години помеѓу 2019 и 2024 злоупотребувала државни ресурси за оперативно следење и оперативна обработка на лидерот на опозицијата, на бизнисмени, на новинари, на медиуми. ЈО одбива да даде повеќе информации, ние не знаеме дали ќе биде оформен предмет, ваков сериозен скандал се граничи и со државен удар, бидејќи ако злоупотребите една ваква служба и ресурсите на државниот систем, за да правите опсервација на лидер на опозиција, на бизнисмени, на новинари, без претходно да имате добиено дозвола согласно законите од обвинителството, вие правите и државен удар. Треба тие лица кои тоа го дозволиле и коишто тоа го знаеле да бидат повикани на одговорност и да се запрашаат“, рече Стојаноски.

Тој додаде дека овој скандал покренува повеќе прашања, вклучително кој ја издал наредбата за прислушкување, зошто биле избрани токму тие лица, каде завршувале собраните информации и каква била целта на наредбодавачот. „Тука се отвораат и многу посериозни прашања, прво кој ја дал наредбата овие лица да бидат обработени, второ како токму тие лица биле избрани, трето каде овие информации завршувале, во чии раце, зошто било тоа направено и на крај која е главната цел на тој што бил наредбодавач. Сметам дека ова е еден од многу сериозните скандали што се случувале во режија на разузнавачките служби во оваа држава“, истакна Стојаноски.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top