Македонија

Што и порача Трамп на македонската претседателка Сиљановска Давкова

Американскиот претседател очекува напредок во партнерството со Македонија

Од објавата на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова на социјалните мрежи и од објавената фотографија од честитката може да се види што и порачал претседателот Трамп на шефицата на македонската држава.

Во честитката која е објавена целосно Трамп се надева дека во наредниве 365 дена ќе дојде до напредок во партнерството меѓу САД и Македонија.

САД покрај Турција и Велика Британија е една од трите земји со кои Македонија има потпишано договор за стратешко партнерство.

Неофицијален превод на честитката од американскиот претседател Доналд Трамп до македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова:

Во име на народот на САД ви испраќам најдобри желби во име на народот во С. Македонија во чест на прославата на 34 годишнината од вашата независност.

Во изминатите 30 години партнерството меѓу САД и С. Македонија продолжува да се засилува и да се проширува.

Искажувам почит за цврстата македонска поддршка за нашите напори да постигнеме мирна разрешница на конфликтот меѓу Украина и Русија.

Со нашата соработка во борбата против наднационалните закани како криминалот и нелегални наркотици се потенцираат нашите заеднички вредности и взаемни цели.

САД го поздравува македонскиот придонес во меѓународниот мир и безбедност кој е докажан со вашата обврска за зголемено споделување на товарот.

Во годината пред нас се радувам на напредокот на нашето партнерство. Во посакувам вам и на народот во С. Македонија среќен ден на независноста.

Со почит
Доналд Трамп

Што му одговори Сиљановска Давкова на колегата од САД на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Филипче инсистира на референдум: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

Филипче повтори дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет и побара граѓаните да добијат можност директно да се изјаснат за иднината на државата преку референдум.

ВМРО-ДПМНЕ: Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур

Манасиевски порача дека специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче треба да му пренесе на новиот бугарски премиер Румен Радев дека Македонија „нема да се помести ниту милиметар“ додека не се исполнат обврските.

За компаниите што не ги почитуваат правилата на пазарот – 200.000 евра казни

Измените, треба да обезбедат посилна заштита на производителите и добавувачите, особено во секторот на храна и земјоделски производи, каде најчесто се јавуваат спорови околу условите за соработка со големите трговски синџири

To top