Македонија Коментари

Сиљановска-Давкова го спаси ,,Брдо – Бриони” и заслужено го доби епитетот лидер на Западен Балкан

Самитот на Брдо-Бриони под водство на Сиљановска-Давкова најпристоен досега, со прва заедничка декларација без забелешки

Самитот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, одржан вчера и завчера во Охрид под домаќинство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, според учесниците беше најпристоен и најконструктивен досега.

Средбата во Охрид не само што ја спаси иницијативата по откажувањето на претходниот самит во Хрватска во Мај поради судирот меѓу претседателот Зоран Милановиќ и тогашните српски власти, туку ѝ даде и нова политичка димензија.

За прв пат на некој самит беше усвоен заеднички документ без сериозни проблеми и забелешки од учесниците.

Ова го истакнуваат учесниците како значаен исчекор во регионалниот дијалог, кој беше во опасност да замре.

Македонија, преку активното ангажирање на претседателката Сиљановска-Давкова, всушност го спаси процесот што долго време се соочуваше со предизвици и неизвесност околу континуитетот.

Ова е причина некои од гостите на самитот неформално да ја прогласат Сиљановска-Давкова за ,,Лидерка на Западниот Балкан” која во нејзините настапи низ светот секогаш покрај за Македонските работи зборува и за целиот регион.

Самитот беше обележан и со неколку историски ситуации.

За прв пат на собирот имаше еднаков број жени и мажи – пет жени и пет мажи.

Исто така, за прв пат учествуваше вршител на должноста претседател – Александар Чупиќ од Србија. Неговото присуство беше дел од пошироката слика на обновен регионален дијалог во позитивна и достоинствена атмосфера.

Коорганизатори на средбата беа претседателката на Словенија Наташа Пирц-Мусар и претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ. Учесниците ја оценија атмосферата како најпристојна досега, со акцент на взаемно почитување и рационален пристап кон отворените прашања. Самитот се фокусираше на забрзување на европската интеграција на Западен Балкан, регионалната соработка и стабилноста.

Со успешната организација и усвојувањето на заедничкиот документ, Македонија покажа дека регионалните иницијативи можат да се одржат и унапредат кога постои волја за дијалог и лидерство. Охридскиот самит на Брдо-Бриони ќе се памети како пресвртница што му даде нов импулс на процесот.

Б.Г.

Најнови вести од: Македонија Коментари

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top