Регион

Додик: Србија , Српска и Унгарија треба да покажат железна волја и да дејстувааат заедно

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, синоќа во Будимпешта изјави дека клучните проекти на Балканот денес се тесно поврзани со соработката меѓу Унгарија, Србија и Република Српска, истакнувајќи ја својата посветеност на унапредување на односите со Унгарија и другите земји кои се залагаат за мир и стабилност.

facebook.com/mdodik.official

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, синоќа во Будимпешта изјави дека клучните проекти на Балканот денес се тесно поврзани со соработката меѓу Унгарија, Србија и Република Српска, истакнувајќи ја својата посветеност на унапредување на односите со Унгарија и другите земји кои се залагаат за мир и стабилност. Оваа изјава беше дадена за време на отворањето на манифестацијата „Српски денови – Месец на српската култура во Унгарија“, како што пренесува Радио Телевизија на Република Српска (РТРС).

Додик нагласи дека оваа соработка е особено значајна во време кога Балканот се наоѓа во турбулентен период, а во Република Српска, според него, се случува „насилно преобликување на изборната волја“. „За нас е важно што во унгарската влада имаме постојан пријател кој се залага за мир и тоа е видливо“, рече тој, потенцирајќи ја улогата на Унгарија како партнер во промовирањето на стабилноста во регионот.

Од Будимпешта, Додик порача дека културата е клучен елемент за зајакнување на врските меѓу овие земји и за заштита од надворешни притисоци. „Културата е патот на нашата соработка и постоење, добра бариера за да се заштитиме од напади и сакам да живееме во мир. Унгарија, Србија и Српска во наредните денови треба да покажат железна волја да дејствуваат заедно“, изјави тој. Додик додаде дека манифестацијата „Српски денови“ е израз на желбата за достоинствено одбележување на вековното присуство на Србите во Унгарија, како и за зајакнување на културните и историските врски меѓу двете заедници.

Настанот во Будимпешта, кој вклучува низа културни активности, изложби и концерти, има за цел да ја промовира српската култура и традиција во Унгарија, истовремено зајакнувајќи ги билатералните односи. Додик ја искористи приликата да ја пофали поддршката на унгарската влада и премиерот Виктор Орбан, кои, според него, покажуваат искрена заложба за соработка со Република Српска и Србија во насока на економски, културни и политички проекти што носат стабилност во регионот.

Најнови вести од: Регион

Нов услов за странските работници во Хрватска – ќе мора да учат хрватски!

Наскоро ќе се воведе обврска за странските работници да учат и да полагаат испит на хрватски јазик како услов за продолжување на нивната дозвола за работа во Хрватска, а исто така им се овозможува полесно да ги менуваат работодавачите. Хрватската влада на денешната седница усвоила измени на Законот за странци и ги испратила во парламентот. Измените се прават, заради усогласување со законодавството на ЕУ, односно со Директивата за единствена постапка за обработка на барањата за издавање единствена дозвола за престој и Пактот за азил и миграција, кој воведува нови правила за управување со миграцијата и воспоставување заеднички систем за азил на ниво на Европската унија.

„Нетпрес“: Тројцата убиени во Бугарија биле од паравоена организација, која соработувала со бугарските власти

Тројцата убиени мажи, кои вчера биле пронајдени во поранешниот планинарски дом „Петрохан“ на Стара Планина во Бугарија биле припадници на паравоена ренџерска агенција, јавија бугарските медиуми. Трите жртви пронајдени убиени во „Петрохан“ се Дечо В. (45), Ивајло И. (49) и Пламен Ст. (51), објави бТВ. Тие биле членови на паравоена организација.

To top