Свет

САД започнаа Стратешки дијалог со Србија, Косово ќе почека

Иако беше најавен предходно Стратешкиот дијалог со Косово ќе мора да почека

Американскиот државен секретар Марко Рубио го отворил Стратешкиот дијалог меѓу САД и Србија во Стејт департментот.

Српската страна била предводена од министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, кој го опишал моментот како „историски“, објави Радио телевизија на Србија (РТС), повикувајќи се на американската администрација.

САД го започнаа Стратешкиот дијалог со Србија, откако ги откажаа плановите за негово започнување со Косово во 2025 година.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека ќе започне Стратешки дијалог со Косово откако Косово ќе ги исполни своите „обврски“ во врска со српската заедница во земјата.

Плановите за започнување Стратешки дијалог со Косово беа суспендирани по загриженоста на САД за постапките на косовската влада на Курти, за која Вашингтон рече дека ги зголемила „тензиите и нестабилноста“.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

To top