Македонија

За пет години затворени 30 училишта во Македонија

Македонското образование „изгубило“ 5.431 ученик, во последните пет години поради што под клуч биле ставени 30 училишта во државата, објави Мета.мк Трендот на контиинуирано намалување на бројот на ученици-основци е евидентен, според бројките кои ги објавува Државниот завод за статистика (ДЗС), но државата засега нема стратегија за решавање на овој долгогодишен проблем. м-р Дончо Герасимовски, […]

Македонското образование „изгубило“ 5.431 ученик, во последните пет години поради што под клуч биле ставени 30 училишта во државата, објави Мета.мк

Трендот на контиинуирано намалување на бројот на ученици-основци е евидентен, според бројките кои ги објавува Државниот завод за статистика (ДЗС), но државата засега нема стратегија за решавање на овој долгогодишен проблем.

м-р Дончо Герасимовски, демограф, аналитичар и поранешен директор на ДЗС, кој самостојно и редовно ги следи трендовите кои се однесуваат на наталитетот и образованието во државата, за овој негативен тренд гледа две причини:.

„Прво, причина за ова е намалениот наталитет. Се раѓаат малку деца. Во 7 од 8 региони во земјава имаме негатвен природен прираст. Во повеќе од 60 отсто од општините има намален наталитет, а тоа силно влијае на бројот на учениците, посебно на оние кои се запишуваат во прво одделение.

Друг важен фактор за се помалиот број основци во училиштата, е иселувањето на младото население.

„Од државата се иселува претежно младото население. Расте бројот на население на живородени деца надвор од земјата. Годишно, во просек, по 1.000 деца се раѓаат во странство. Има 10 општини во Македонија каде има повеќе живородени деца во странство одошто во Македонија, такви се Пласница, Маврово-Ростуше, струмичко Ново Село“, потенцира Герасимовски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

Попов: Македонскиот јазик не е „вештачка конструкција“ и борбата за него не е завршена! Стратегиските партнери треба да помогнат за спорот со Бугарија!

–Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е никаква „вештачка конструкција“, туку логичен тек на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на цела територија. Тој има долга историја и особен влог во рамките на групата на словенски јазици и светското јазично семејство. Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. “ – нагласи Живко Попов, претседателот на Македонската академија на науки уметности, денес во своето годишно обраќање. .

Уставниот суд ги отфрли иницијативите, со кои се оспоруваше уставноста на „Безбедниот град“

Уставниот суд ги отфрли иницијативите да се оспори системот „Безбеден град“, односно дел од одредбите на Законот за прекршоци. Иницијативи со кои се бараше да се оспори „Безбеден град“ поднесоа двата дела на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и од Арбен Таравари, како и студентот Или Пачуку, поради неупотребата на албанскиот јазик во пораките за прекршоци. Забелешката е и за, како што се тврдеше, „спроведувањето на системот само во Скопје, Тетово и во Куманово“, потоа и за обврската за поседување мобилен телефон и интернет-адреса заради доставување на пораките, но и за наводна „селективна примена на Законот и за дискриминација на Албанците“. Со иницијативите се бараше Уставниот суд да ги поништи „спорните“ одредби.

Најнови вести

To top