Свет

Осумина загинати во пукање во Ерусалим, Хамас ја презеде одговорноста за нападот (ВИДЕО)

Шест цивили загинаа во пукање на автобуска станица во предградие на Ерусалим

EPA/ABIR SULTAN

Шест цивили загинаа во пукање на автобуска станица во предградие на Ерусалим, а израелската полиција соопшти дека се убиени и двајца напаѓачи, кои ги опиша како „терористи“, пренесува Ројтерс.

Итните служби известија дека околу 20 лица се повредени, од кои најмалку пет се во тешка состојба.

Израелските власти потврдија дека напаѓачите биле Палестинци.

Според полицијата, двајца од напаѓачите се застрелани и убиени, а подоцна е уапсено и трето лице поврзано со нападот.

Полицијата соопшти дека еден од напаѓачите се качил во автобусот со број 62 и почнал да пука врз патниците.

На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа како луѓе бегаат од автобуската станица во моментот кога се слушаат истрели.

Кабинетот на израелскиот премиер објави дека Бенјамин Нетанјаху одржал состанок „со безбедносните претставници“.

Палестинското движење Хамас го поздрави нападот, тврдејќи дека напаѓачите биле Палестинци.

„Потврдуваме дека оваа операција е природен одговор на злосторствата на окупацијата и геноцидот што се врши врз нашиот народ“, се вели во соопштението на Хамас.

Овој вооружен напад во Источен Ерусалим се смета за најсмртоносен во Израел од октомври 2024 година.

https://x.com/thevoicetruth1/status/1964960663698108607

https://x.com/SuppressedNws/status/1964960933463351597

Најнови вести од: Свет

(Видео): Преговорите се во финална фаза, можен е брз крај на војната во Украина, рече Трамп

Во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида започнаа разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Објавени беа и првите детали од салата за состаноци, според кои украинската делегација е сместена на една страна од масата, а американската делегација спроти нив. На состанокот присуствува и генералот Дан Кејн, претседател на Здружениот штаб и највисок воен функционер на САД.

Трамп разговараше по телефон со Путин пред средбата со Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека имал, како што го опиша, „добар и многу продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, непосредно пред закажаниот состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски на Флорида.

Лавров со порака до Европа: Русија нема да нападне никого, но ако биде нападната одговорот ќе биде разорен

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака до европските политичари, нагласувајќи дека одговорот на Русија на евентуален напад врз неа би бил разорен.

To top