Македонија

(Фото): Македонија и САД прославија 30 години дипломатски односи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, повеќе министри од Владата, како и градоначалници и функционери од ВМРО-ДПМНЕ беа дел од прославата по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.

Македонија и САД ја прославија 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на свеченост одржана во „Клубот на пратеници“. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски истакна дека ова тридецениско партнерство му помогнало на македонскиот народ да стане посилен, послободен и поуспешен.

Муцунски посочи дека поддршката од САД се чувствувала уште од првите денови на независноста, особено во клучни моменти, како што беше одлуката од 2004 година за признавање на уставното име на државата. Тој потсети дека соработката е формализирана преку Декларацијата за стратешко партнерство од 2008 година, а во 2022 година е унапредена со воспоставување на Стратешкиот дијалог, кој отвора пат за подлабока соработка во областите на безбедноста, економијата, енергетиката и образованието.

  • Денес славиме 30 години од воспоствувањето дипломатски односи меѓу нашата држава и САД, три децении на партнерство, кое му помогна на македонскиот народ да стане посилен послободен и поуспешен. Од првите денови на независноста македонскиот народ чувствуваше дека САД стојат покрај него. Во клучни мигови таа поддршка беше одлучувачка. Особено ја паметиме одлуката од 2004 година за признавање на нашето уставно име. Чин што остави длабока трага во срцата на македонскиот народ и потврди дека нашата демократија и нашата независност се важни. Нашата соработка доби институционална рамка со Декларацијата за стратешко партнерство од 2008 година, а во 2022 година во Вашингтон ја унапредивме со воспоставување на Стратешкиот дијалог, механизам кој отвора пат за подлабока соработка во безбедноста, економијата, енергетиката и образованието – рече Муцунски.

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, истакна дека партнерството е изградено на доверба и заедничко почитување на демократските вредности. Таа нагласи дека двете земји покажале како изгледа пријателството и соработката и потсети на заедничката обука на војниците во „Криволак“ и нивната борба во Ирак и Авганистан, како и на американските инвестиции што донесоа работни места и иновации во земјата.

  • „Заедно му покажавме на светот што може да се постигне со сила, компромис и трпелива решителност. И покажавме како изгледа пријателството и соработката. Преку напорна работа, соработка и заемно почитување, билатералните односи се проширија низ владините институции и приватниот сектор“, рече таа.

Агелер најави и идни планови за проширување на соработката, вклучувајќи проширување на трговските врски, борба против корупцијата, модернизација на соработката во одбраната, поддршка на дигиталната трансформација, изградба на енергетската инфраструктура за обезбедување независност и раст.

На свеченоста присуствуваа високи државни функционери, меѓу кои претседателката Гордана Силјановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министри, пратеници, градоначалници и претставници од Амбасадата на САД, Армијата, бизнис и верските заедници.

Претходно денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, се обратија во заедничка видеопорака во која наизменично ги набројуваа придобивките од стратешкото партнерство.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Можно ли е вработени во „Дрисла“ намерно да ја потпалуваат депонијата?!

Надлежните открија дека имало најмалку три обиди за ново палење. Побараа засилено полициско присуство и дополнителни методи на набљудување, бидејќи дел од депонијата е необезбеден и лесно достапен.

Toшковски: Веќе се преземаат соодветни оперативни активности, заради обезбедување мирен и безбеден изборен процес

Раководствата на СВР Охрид и ОВР Струга го информираа министерот Тошковски за безбедносната состојба во регионот, посочувајќи на забележителните резултати во справувањето со насилниот криминал и видливиот напредок во подобрувањето на сообраќајната безбедност.

Мицкоски: Апасиев и Мециновиќ си префрлале пари од сметката на Левица, кои граѓаните ги уплаќаат во буџетот

Премиерот Мицкоски посочи дека во врска со злоупотребите во Левица свиркач до нив доставил список, во кој има стотици трансакции на пари префрлани од Левица на сметка на Апасиев, но и оти и на кандидатот за градоначалник на Левица за Скопје Амар Мециновиќ на трансакциска сметка му биле префрлувани пари од сметката на истата политичка партија.

Зошто обвинителката Стефанова лаже дека не постапувала во предметот за ,,Рекет 2″ кога има сведок за нејзино учество

Главчев засега молчи за другите поврзани со случајот меѓу кои е и познат скопски адвокат кој има блиска роднина во судот а преходно имал блиски односи со Боки 13

To top