Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од СДС-ДУИ задушени од народниот пораз, решија да го задушат и Скопје

Откако не им успеа подметнувањето на пожарите ова лето низ селата и градовите во Македонија, сега се одлучија за нов, последен очајнички потег: палење на депониите во Скопје

Злосторничкото здружение ДУИ–СДС, неможејќи да го прифати фактот дека се поразени и дека граѓаните ја враќаат државата на прав пат, прибегнува кон најопасни и криминални методи. Наместо политики, подметнуваат чад и отров палејќи ги скопските депонии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако не им успеа подметнувањето на пожарите ова лето низ селата и градовите во Македонија, сега се одлучија за нов, последен очајнички потег: палење на депониите во Скопје со цел да предизвикаат страв, незадоволство и хаос меѓу граѓаните. Со тоа не само што прават тешко кривично дело, туку свесно го уништуваат и здравјето на скопјани, што е политичко безобразие од најекстремен вид. Да потсетиме: со години СДС и ДУИ управуваа со „Дрисла“ и „Вардариште“. Тие ги поставуваа директорите, тие водеа политики, тие ветуваа фабрика за селекција на отпад, зелена зона и чист воздух. Сè остана само на хартија. Единствено што оставија зад себе е смет, диви депонии и труење на луѓето, посочуваат од владејачката партија.

Спротивно на тоа, скопските градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ веќе четири години реализираат конкретни проекти за чистење и уредување на јавните површини, за воспоставување систем за селекција на отпад и за зајакнување на јавната хигиена, велат од партијата.

-Владата во изминатата година започна процес на темелна ревизија на целата еколошка политика и подготви нови проекти за модернизација на „Дрисла“, за затворање на дивите депонии и за воспоставување европски стандарди за управување со отпад. Тоа е вистинската разлика меѓу криминалното наследство на СДС–ДУИ и одговорниот пристап на ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат и додаваат:

И тука се наметнуваат следниве прашања:

1. Како тоа баш пред локални избори почнаа да „горат“ депониите?

2. Како тоа токму сега „Дрисла“ почна да загадува и да гори отпад?

3. Дали постои организирана структура зад ова?

-Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство итно да спроведат темелна истрага за инволвираноста на овие структури во намерното палење на депониите. Денес, наместо да одговараат за националните порази и еколошките катастрофи што ги предизвикаа, тие повторно се обидуваат да ја запалат вистината и да го задушат Скопје. Граѓаните добро знаат: вистинската еколошка катастрофа се вика СДС–ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top