Македонија

Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево

Амбикон – акредитираната лабораторија за животна и работна средина од Штипскиот универзитет ќе изврши дополнителни последователни мерења во наредните пет дена

Повеќе од 15 часа траеше борбата со пожарот во складиштето за рециклирање отпад во Трубарево, тој е локализиран и целосно изгаснат и е спречено негово ширење. Веднаш е ангажирана акредитирана лабораторија за мерење на квалитетот на воздухот и тие ќе продолжат и во наредните денови, изјави на прес-конференција во Владата министерот за животна средина и прв вицепремиер Изет Меџити.

Соопшти дека објектот на компанијата „Ф Групација“ во Трубарево има важечка дозвола за управување со отпад издадена од Министерството во 2021 со важност до 2031.

-За целосна транспарентност, веднаш ангажиравме акредитирани лаборатории за мерење на квалитетот на воздухот, како од Државниот инспекторат, така и од надворешни специјализирани тела. Веднаш по добивање на информацијата за пожарот, во 13.30 часот, Државниот инспекторат за животна средина се упати на местото на пожарот во објект кој го користи правен субјект „Ф Групација“ во Трубарево. Во текот на надзорот беа извршени мерења од акредитирана лабораторија за животна средина Еуромак контрол од Скопје и поставен е 24-часовен мерач на квалитетот на амбиентниот воздух. Потоа направени се мерења од лабораторијата за животна средина при МЖСПП. На терен беше и посебна единица на АРМ за радиобилошко и хемиско загадување која исто така направи мерења, рече Меџити.

Соопшти дека денеска Амбикон – акредитираната лабораторија за животна и работна средина од Штипскиот универзитет ќе изврши дополнителни последователни мерења во наредните пет дена со поставување посебен станичен инструмент.

-Денеска е почнат административен инспекциски надзор кај правниот субјект од кој ќе бидат земени сите потребни докуемнти. По звршување на надзорот ќе бидат преземени сите мерки – земање мостри од почвата, ќе биде нарачано вештачење за утврдување на точноста во колкава мера било загадувањето врз животната средина. Државните институции понатаму ќе останат на терен и ќе продолжат да работат се додека не се расветлат сите аспекти на случајот. Ќе бидеме транспарентни до крај, вашата безбедност е наш приоритетк, рече Меџити.

Нагласи дека се работи за трет пожар на отпад за многу краток период, веднаш по пожарите во Вардариште и Дрисла, и дека ова е „аларм кој бара сеириозна институцинална мобилизација која е веќе во тек“.

-Очекуваме инцидентот да се расветли и причинителот односно причинителите да бидат јавно обзнанени, додаде Меџити на прес-конференцијата со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

На новинарски прашања дали се знае какви материи се шират во воздухот, што дише населението и кога ќе има резултати, одговори дека денеска ќе се знаат и „за се ќе биде известено детално и транспарентно“.

Негираше дека фирмата што го управувала отпадот била сместена во куќа, туку дека имало хали и има дозвола до 2031 година.

На прашањето дали чувствува одговорност што после полноќ и без присуство на медиуми дошол на местото на настанот и снимил изјава, Меџити одговори дека цело време бил во тек и „на линија со министерот за внатрешни работи“, иако, рече, МЖСПП не е дел од Управувачкиот комитет за справување со кризи.

-Но, тоа не значи дека не сме биле уште од првиот момент. Инспекторатот за животна средина, како што кажав во говорот, веднаш пристапил кон местото и акредитираните лаборатотии во Министерството, како и други акредитирани лабориотии, цело време вршат мерења. Тоа што не бев на прес-конференцијата, не сум бил дел од Комитетот, но постојано сме во тек, одговори Меџити.

Во однос на пожарот во Дрисла, рече дека „и таму од првиот момент има контроли“.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top