Македонија

Повторно активен пожарот во Никуштак

Пожарот кој беше активен минатата недела во липковското село Никуштак повторно е активиран

Пожарот кој беше активен минатата недела во липковското село Никуштак повторно е активиран, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

– Повторно има пожар. Екипите на кумановската подружница на „Македонски шуми“ се на терен, потврди заменик-директорот на претпријатието, Кире Михаилов.

Минатата недела речиси постојано имаше пожар на оваа локација. Беше зафатена нискостеблеста, деградирана, но и дабова шума на тешко пристапен терен.

Во гасењето на пожарот покрај екипи на „Национални шуми“ беа вклучени и хеликоптер и авиони кои интервенираа  од воздух.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top