Бизнис

За кои трговци има постапки пред институциите, кои девијантно се однесувале?!

Коментирајќи ги укажувањата на земјоделците дека прекупците и трговците имаат голема заработка и оти крајната цена за граѓаните е многу висока, Мицкоски рече дека цените со кои земјоделците ги продаваат своите производи се историски највисоки, но оти трговците ставаат нелогична маржа.

Веќе има постапки за дел од трговците поради состојбата со цените на храната и оти е убеден дека, како што изјави денеска, девијантното однесување кај синџирите-маркети ќе се сведе на минимум, вели премиерот Христија Мицкоски. На новинарско прашање за индексите на цените во земјоделството во август годинава, Мицкоски наведе дека трошоците за импут во создавањето на земјоделскиот производ  се зголемени за над два проценти, а за аутпутот, цената со која го продаваат земјоделците производот, за над 12-13 проценти.

  • Тој производ тие го продаваат или на маркетите или директно на трговците. Порано состојбата во делот на аутпутот била негативна затоа што одредени политички елити во соработка со одредени трговци свесно ја држеле ниска цената при аутпутот односно онаа цена по која земјоделците ги продаваат своите производи и честопати работеле по принципот пола со пола. Ова не е нешто ново, тоа го кажуваат дел од самите трговци кои соработувале со такви луѓе кои во тоа време биле на водечки позиции во државата и во Министерството за земјоделство. Прашувате дали тие производите кога ќе дојдат на полиците во маркетите ќе имаат повисока цена. Да, претпоставувам дека тоа ќе биде така, но она што не охрабрува е што на месечна основа, во август споредено со  јули, имаме конечно намалување, односно после неколку години храната е во минус, за 0,7 проценти – рече Мицкоски при денешната посета на Куманово.

Очекувам, дополни, тој тренд да продолжи во периодот што следи.

  • Преку Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата секојдневно вршиме инспекциски надзор, ги следиме движењата и убеден сум дека таков тип на девијатно однесување кај ланците маркети во периодот што следи ќе биде сведено на минимум – посочи Мицкоски.

Коментирајќи ги укажувањата на земјоделците дека прекупците и трговците имаат голема заработка и оти крајната цена за граѓаните е многу висока, Мицкоски рече дека цените со кои земјоделците ги продаваат своите производи се историски највисоки, но оти трговците ставаат нелогична маржа.

  • Не малку, малку повеќе дел од трговците ставаат маржа која е нелогична. Цените со кои земјоделците ги продаваат своите производи се историски највисоки. Сега е пиперката ајварка, но исто така ако се вратиме наназад и доматите, краставицата, зелката,  кромидот, тукунот и сите останати производи, сега грозјето, ќе видите дека цените се сега историски највискоки, а тоа го говори и речиси удвоениот извоз на храна споредено со минатата година, посебно на земјоделските производи. Го следиме однесувањето на трговците и веќе колку што сум информиран за дел од нив има одредени постапки и процедури пред институциите. Веќе се процесуирани, само треба да влезат во финална завршница – изјави Мицкоски.

Тој ги коментираше и последните податоците за состојбата во индустријата, истакнувајќи дека трговијата во индустријата во делот на размена со странство е дури повеќе зголемена отколку трговијата во индустријата дома.

Најнови вести од: Бизнис

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Се намалува делот од платата за плаќање рати – Народна банка со построги правила за кредитите

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

Пад на невработеноста – 88.000 луѓе се пријавени во Агенцијата, најголем дел со или без образование

Најголем група на невработени се лицата без образование, или само со основно образование. Тие достигнуваат дури до 50.426 од вкупниот број на пријавени граѓани кои се невработени.

(Фото): НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите – нова зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони – простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар Маало доби ново место за поврзување, но и силна порака за заедничка одговорност „Чувај го твоето маало“. Отворањето го одбележаа музика, дружење и голем број млади од скопските факултети и средни училишта.

Поради намалените акцизи и ДДВ за горивата, во Буџетот фалат од 6 до 7 милијарди денари

Евентуалните ограничувања на извозот на дизел од САД би можеле дополнително да го затегнат европскиот пазар и да ги зголемат цените. Тоа би бил нов удар и за земјите кои, како Македонија, зависат од увоз на енергенти.

To top