Македонија

Директорот на БЈБ на конференција на ИНТЕРПОЛ во Сингапур

Биро за јавна безбедност

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денес и утре присуствува на регионална конференција на ИНТЕРПОЛ која се одржува во Глобалниот комплекс на иновации на ИНТЕРПОЛ во Сингапур. 

Директорот Јанев оствари повеќе билатерални средби со високи претставници од азиските држави како и со раководството на Генералниот секретаријат и Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ.

„Со соговорниците разговаравме за унапредување на полициската соработка преку иновативни пристапи, кои се особено значајни во време на забрзани технолошки промени и сè покомплексни безбедносни предизвици. Како потврда на нашите заложби за современо и ефикасно полициско делување, истакнав потреба од нови модели на размена на информации, користење на современи технолошки алатки и целосна дигитална трансформација на полициските процеси со кои ќе можеме да изградиме поцврста и поефективна соработка – не само на национално и регионално, туку и на меѓународно ниво.“, потенцираше директорот Јанев.

Конференцијата се фокусира на клучните приоритети за глобалната безбедност, како што се борбата против организираниот криминал, справувањето со тероризмот, зајакнувањето на капацитетите за справување со сајбер-криминал и лоцирањето бегалци од правдата.

„Македонската полиција уште еднаш беше препознаена како доверлив и активен партнер, со јасна определба да придонесува кон глобалната безбедност преку размена на информации, искуства и учество во заеднички меѓународни операции. Нашата посветеност е јасна: да бидеме сигурен и одговорен сојузник во градењето на побезбеден свет.“, истакна од конференцијата директорот Јанев.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top