Македонија

Легендарниот македонски филмаџија Мане Насков по половина век доби плакета за заслуги

Работел на сите највредни македонски филмски проекти

Легендарниот македонски филмаџија Мане Насков по повеќе од половина век работа на проекти на македонскиот филм доби плакета за заслуги од Друштвото на филмски работници на Македонија.

Мане Насков е фар мајстор кој целата своја кариера ја мина работејќи на најважните филмски, документарни и други проекти во Македонија и во регионот.

Плакетата за заслуги за време на Фестивалот на филмска камера ,,Браќа Манаки” во Битола му ја доделил неговиот внук продуцентот Роберт Насков.

,,Вчера имав многу емотивна вечер. Од името на ДФРМ по повод 75 годишниот јубилеј имав чест да му доделам плакета за заслуги во македонскиот филм на човекот кој е најзаслужен што се занимавам со филм, на мојот чичко Мане Насков – првиот фар мајстор во историјата на македонскиот филм.

Тој е човекот што кога имав 6 години ме однесе на филмски сет и ме зарази со филмскиот вирус. Да не беше Мане Насков немаше да постои Кино Око и успешните филмови и ТВ сериии на мојата продуцентска куќа.
Сега со гордост го носам идентитетот – филмаџија”, објави Роберт Насков во име на Друштвото на филмски работници на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Пожар се заканува на бензинска пумпа

Иако засега нема проценка за неконтролирано ширење на пожарот, близината на цистерните и бензинската пумпа ја прави ситуацијата особено чувствителна и бара внимателно следење и брза реакција на терен, предупреди синоќа директорот на ДЗС Стојанче Ангелов

35 години „Матица Македонска“

Поетот, книжевен критичар и антологичар Раде Силјан ја основа „Матица македонска“ во време на голем национален и општествен пресврт, со јасна определба книгата на македонски јазик да стигне до македонскиот читател и до секој македонски дом

Почнува судскиот процес против Артан Груби и уште седуммина

Обвинетите за злоупотреби во „Државна лотарија“, наместо за проневера во службата, сега се гонат за друго кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување, кое предвидува поблага казна. Второобвинетиот , Перпарим Бајрами, е се’ уште во бегство

To top