Свет

Полска ја предупредува Русија: НАТО не трпи провокации

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски ја предупреди Русија дека не треба да се жали во Обединетите нации ако нејзините ракети или авиони бидат соборени откако влегле во воздушниот простор на НАТО

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски ја предупреди Русија дека не треба да се жали во Обединетите нации ако нејзините ракети или авиони бидат соборени откако влегле во воздушниот простор на НАТО, изјави тој вчера во Њујорк на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН.

Состанокот беше свикан по инцидентот на 19 септември, кога три руски воени авиони влегоа во естонскиот воздушен простор на 12 минути, пред да бидат пресретнати и вратени од италијански F-35 авиони во рамките на НАТО мисијата. Оваа инкузија се случи по претходните случаи овој месец, кога руски беспилотни летала завршија во Полска и Романија, што ги стави сојузниците на НАТО во состојба на висока готовност.

– Имам само едно барање до руската влада: Ако друга ракета или авион влезе во нашиот воздушен простор без дозвола, намерно или по грешка, и биде соборен, а остатоците паднат на територијата на НАТО, ве молам не доаѓајте тука и не се жалете за тоа. Предупредени сте – нагласи Сикорски, обраќајќи се директно кон Москва.

https://x.com/United24media/status/1970170568818467131

Полскиот премиер Доналд Туск, во паралелен коментар, потврди дека Варшава ќе собива непријателски објекти што го прекршуваат полскиот воздушен простор, без одлагање. Британската министерка за надворешни работи Ивјет Купер се приклучи на предупредувањето, велејќи дека Лондон е подготвен да ги соочи руските авиони што го прекршуваат НАТО воздушниот простор. Овие изјави ја истакнуваат зголемената тензија во регионот, каде НАТО бара посилна одбрана на источниот фланг, вклучително и интегрирање на системи како Патриот од Германија.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top