Свет

Руски дрон уби 13 луѓе кои чекале воз

Иако била издадена тревога за воздушен напад поради зголемена закана од воздух, во моментот на ударот на перонот имало голем број цивили

 

Најмалку 13 лица загинаа, а најмалку пет се ранети во руски напад со дрон врз перон на железничка станица во централниот украински град Днипро, потврдија регионалните власти.

Олександар Ханжа, шеф на Регионалната воена управа на Днипропетровск, првично извести за напад врз објект од транспортната инфраструктура, наведувајќи дека службите за итни случаи се на терен.

Набргу потоа, тој ја потврди мрачната бројка: 13 загинати и најмалку 10 повредени, кои во моментов добиваат медицинска помош.

Државната железничка компанија „Укрзализницја“ соопшти дека руски дрон на млазен погон удрил во перон, веднаш до возот број 866, кој сообраќал на линијата од Днипро кон Запорожје.

Иако била издадена тревога за воздушен напад поради зголемена закана од воздух, во моментот на ударот на перонот имало голем број цивили, наведуваат од железничката компанија.

Местото на нападот е обезбедено од полицијата, спасувачите и медицинските екипи, додека на локалните канали на „Телеграм“ веќе се споделуваат првите фотографии од перонот, кои го прикажуваат обемот на уништувањето.

 

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 80 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

To top