Македонија

Во управата на Медицинскиот факултет во Штип нема лекар ни за лек

,,Ово нема у Београду” ниту било каде во светот

Крајно невообичаена ситуација во управата на Медицинскиот факултет во Штип каде што според објавата на еден од водечките македонски научници на светско ниво, нема доктори – лекари.

Првите четворица луѓе на оваа високо научна институција која што образува лекари воопшто не се лекари туку експерти од други области.

Професорот Тодор Арсов открива дека на Медицинскиот факултет во Штип каде сега ,,владее” ВД гарнитура за идните лекари се одговорни физичари, хемичари, фармацевти и биолози но не и лекари.

,,ПРЕОБРАЖЕНИЕ, АМА ВО СЕПТЕМВРИ!
Назначено новото “Ве-Де” раководство на Факултетот за медицински науки во Штип – со кое факултетот како да доживува метаморфоза од Факултет за медицински науки во Природно-математички факултет:
1. ВД Декан – Проф Зденка Стојановска, физичар и професор по физика
2. ВД Продекан 1 – Проф Марија Дарковска Серафимовска, фармацевт и професор по фармакологија (трет мандат продекан)
3. ВД Продекан 2 – Доц Павлинка Кокошкарова, хемичар и професор по хемија и биохемија
4. Претседател на докторките студии – Проф Невенка Величкова, биолог и професор по биологија (постоечка раководна функција која продолжува)…”, открива професорот Арсов.

Предходно на овој факултет не успеа конкурсот за избор на нов декан по што се случува нешто што го нема на ниту еден друг медицински факултет во светот.

,,Е “ово нема у Београду”! А ни во Скопје, Тетово, Ниш, Софија, Пловдов, Сараево, Загреб, Сплит, Ријека, Љубљана, Тирана, Атина, Солун… ни НИКАДЕ ВО СВЕТОТ! Ова е ексклузивно – “само у нашем граду”! 🙂
Чук, чук Министерство за образование, чук чук Министерство за здравство – па дали има пилот во овој авион?? Некој нека провери дали има видни лекари кои се компетентни професори во УГД и во државава???
(еве тема за националните телевизии и портали кои неодамна ревносно го пренесоа многу битното отворање на факултетската “соблекувална” – РАЗБИРА СЕ!)”, пишува Арсов.

Професорот Арсов е врвен генетичар кој беше заслужен за решавање на еден од најпознатите светски случаи на генетички проблем кој доведе до ослободување на мајка на четири деца обвинета за убиство на своите деца.

Благодарение на професорот Арсов и неговиот тим невината мајка по дваесет години беше ослободена од затвор.

Најнови вести од: Македонија

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

Која е македонската фирма која се поврзува со запленетата дрога вредна 50 милиони евра

Компанијата која е дел од синџирот вреден 50 милиони евра а е регистрирана во скопско за производство и преработка на медицински канабис за само еден месец пренесле дрога тешка 5 тони

Филипче: Се гледа дека нашите политики не се лицемерни, туку се конзистентни

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа остро го критикуваше актуелниот пристап на владата на ВМРО-ДПМНЕ кон минималната плата и животниот стандард на граѓаните, истакнувајќи дека за време на владеењето на СДСМ постоел континуиран и системски раст на платите, додека сегашната влада го прекинала тој процес и го замрзнала растот на 400 евра.

Мицкоски: „Безбеден град“ не е за пари, туку за спасување животи – толеранција од 15 % над дозволената брзина

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека првиот ден од функционирањето на системот за видео надзор и казнување „Безбеден град“ поминал без евидентирани поплаки од граѓаните.

To top