Македонија

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

Во земјава има околу 40.000 лица на инсулинска терапија и антидијабетна терапија. Лицата со дијабетес во изминатите две недели се соочуваат со недостаток на ленти и глукомери. Не знаеме зошто тендерот се уште не е операционализиран изјави денеска претседателот на Здружението на дијабетичари на Македонија Љупчо Велев пред почетокот конференција „Современиот човек и дијабетесот – контрола, квалитет и достоинство“, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија што се одржува под мотото „25 години борба, посветеност, солидарност и надеж“.

  • Вкупно на инсулинска терапија и на антидијабетна терапија се околу 40.000 пациенти. Со ТИП 1 се 4000, другите сите се на дијабетна терапија. Моментно во последните две недели нема ни ленти нема ни глукомери. Веќе еден месец и половина луѓето немаат со што да мерат шеќер затоа што Министерството (за здравство) се уште не организирало да се дистрибуираат. Исто така почнува да се намалува и бројката на сензори затоа што новиот тендер не е операционализиран, не знаеме зошто, немаме информација. Очекуваме да се пуштат новите сензори. Во меѓувреме лицата со дијабетес 1 кои се на сензори добиваат од стариот контингент, изјави Велев.

Според него, веќе една година исто така има континуиран недостиг на антидијабетна терапија, односно на инхибиторите за заштита од кардиоваскуларни компликации на лицата со дијабетес. Повод за конференцијата е 25-годишниот јубилеј од основањето на Сојузот кој ќе одржи и свечена академија со презентација на резултатите од реализираните активности и ќе додели признанија.

Ова е прва пациентска конференција посветена на дијабетесот и најчестите коморбидитеди како дел од метаболниот синдром, на која исто така беше промовиран и Прирачник за исхрана на дијабетичари.

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

Содржината на овој Прирачник е распределена на девет добро смислени поглавја кои овозможуваат логично и постапно да се совладаат принципите на здрава исхрана.

  • Главната порака на нашиот прирачник е дека здравата исхрана не е ограничување, туку можност и здрава исхрана му е потребна на секој здрав човек, изјави д-р Цветанка Волкановска Илиевска, од Клинката за ендокринологија. Прирачникот, објаснува таа, содржи совети за исхраната, како да се организира исхраната во чинијата, како да се бројат јаглехидратите, како да се направи балансиран сооднос на макронутриентите, кои производи се корисни, како да се намали внесот на ултрапроцесуираната исхрана…

Иванка Караѓозова Трчкова од Велес, претседател на Здружението на дијабетичари од Велес и пациент од дијабетес тип 1 речиси 30 години, вели дека луѓето како неа секојдневно се соочуваат со многу предизвици. Почнувајќи од регулација на гликемијата, терапија што секојдневно треба да се прима како пациенти, како и со недостаток на некои делови од терапијата кои сами ја набавуваат, со едукација, со исхрана со баланс, со спортски активности.

  • Во глобала со баланс меѓу секојдневните обврски кои треба да ги вклопиме заедно со регулацијата на шеќерот и дијабетот, рече Караѓозова Трчкова. Бидејќи сега нема ленти и глукомери, таа вели дека сами си ја надокнадуваат терапијата и средствата кои се потребни за да се регулира шеќерот.

Најнови вести од: Македонија

Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ ќе тужи и до Стразбур

Апелациониот суд Скопје се премисли и му забрани на Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ да штрајкува без да му дозволи гранковиот синдикат, бидејќи овој е само негова подружница. За разлика од првиот пат, кога во декември 2025 Апелација ваквата првостепена одлука ја укина и ја врати на повторно судење, сега при исти услови ја потврди во корист на директорите на М-НАВ кои го тужат Синдикатот на контролори кој лани зимата се закани со штрајк.

Недозволиво е Законот за игри на среќа да се носи набрзина

На дневен ред на пленарна седница е ставен Предлог законот за игри на среќа во прво читање. Се засилува нашиот впечаток дека за некого брзината е поважна од суштината – рече Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС).

Кога Македонија железнички ќе се поврзе со Бугарија?!

Интензивно се гради пругата Скопје – Софија, со 29 мостови и 15 тунели втората делница е градежен и инженерски подвиг, изјави вицепремиерот и министер за градежништво Александар Николовски на обиколката на терен од изградбата на втората делница од пругата од Македонија кон Бугарија.

Трипуновски до СДСМ околу барањето за отповик: Изнесувате политички празни измислици без аргументи, а оставивте пустош во земјоделството

Македонскиот аграр конечно се движи во вистинска насока. Крајно несериозно и парадоксално е да поднесувате интерпелација на министер кој ги поправа вашите катастрофални грешки и штети. Наместо да понудите решенија, конструктивна критика и визија, доставувате текст со празни фрази и евтин популизам, воден од теснопартиски интереси, потенцираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. „Немојте да изнесувате само политички флоскули дека нешто е катастрофално. Дворот беше премногу валкан и презадолжен – таква ситуација наследивме од вашите седум години власт. Да имавте барем малку доблест да работите домаќински и економски, денеска ќе беше многу поинаква ситуацијата!“ – им порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на пратениците од опозицијата, кои бараат негов отповик.

Силјановска-Давкова од Софија: Проширувањето на ЕУ мора да се темели врз Копенхагенските критериуми

Проширувањето на Европската Унија мора да се заснова врз Копенхагенските критериуми, а темпото на пристапување да зависи исклучиво од напредокот во спроведувањето на реформите, порача претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова на Самитот на шефови на држави и влади во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Софија, пренесе Македонската информативна агенција-МИА.

Муцунски: Заложник сме на некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат! Оваа влада не подготвена да преговара за историја, идентитет и јазик!

„Ние сме заложник на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат. Никој нема интерес од ова што се случува во моментот. Губат двете држави економски, политички, губат и граѓаните, народите на двете држави, кога се создава ваков тип на недоверба“ – истакна денеска во Софија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој претпладнево учествуваше на министерскиот состанок на Партнерството за соработка во Југоисточна Европа, а попладнево е дел од македонската делегација на Самитот на шефови на држави и влади која ја предводи претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

To top