Македонија

Владата донесе одлука но Уставен не поведува постапка за намалување на советниците

Членот 34 од Законот за локална самоуправа е јасен, вели Кацарска

Уставниот суд денеска одлучуваше за два предмета поврзани со изборниот процес. Ја оценуваше уставноста и законитоста на Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини и одлучуваше за уставноста и законитоста на упатство донесено од ДИК, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски.

Како што наведе Добрила Кацарска, која е судија известител за првиот предмет, Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да не не се поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини.

Со оглед дека локалните избори се за неполн месец, овој реферат беше изготвен во многу кратко време зошто не знаевме всушност каква ќе биде одлуката да не има некои последици околу одржување на изборите. Неколку аспекти се битни за донесената одлука. Најнапред околу надлежнноста на Владата, дали Владата има надлежност да донесе ваква одлука. Апсолутно Владата е единствениот орган кој може да ја донесе оваа одлука, а надлежноста ја црпи од Уставот, член 91, алинеја 1, бидејќи таа е надлежна за извршување на законите. Воедно надлежноста произлегува и од член 63, став 3 од Законот за Влада на Република Северна Македонија. Околу извршувањето на законите, нема кој друг да е надлежен, освен самата Влада – рече Кацарска.

Таа информира дека член 34 од Законот за локална самоуправа е многу јасен, таму се зборува за број на советници. Бројот на советници во општините не може да биде помал од 9, ниту поголем од 33.

Во овој член точно е даден распонот на жители, од кој зависи уи бројот на советници. Ако се земе предвид целокупниот Закон за локална самоуправа, ќе се уврди дека во целиот закон се употребува терминот жители. Зборуавме за локални избори, а не за парламентарни или за избор на претседател на Северна Македонија. Заради оперцаионализација на оваа одредба, 34 од Законот за локална самоуправа, Владата врз основа на член 36, став 3 ја носи оваа одлука за бројот на советниците – објасни Кацарска.

Законот, како што рече, зборува само за жители. Според член 6 од Законот за локална самоуправа жители на општината се само оние кои лица кои имаат постојано живеалиште во таа општина.

– Не залудно и Изборниот законик прави разлика меѓу избор на претседател на републиката и пратеници од една страна, а од друга страна советници и градоначалници. Членот 7, точка 4 точно зборува дека советник во општина или градоначалник може да биде избран само оној кој е жител во општината зошто токму овие органи одлучуваат за секојдневниот живот на граѓаните во матичната општина – појасни Кацараска.

Таа се осврнува на навод од иницијативите каде се зборува за, како што рече, наводна дискриминација, поточно дека само во неколку општини каде мнозинството население се помалите етнички заедници.

– Но, тоа не е точно затоа што во поголем број општини се намалува бројот на советници. Такви се на пример Кратово, Куманово, Крива Паланка, Пехчево, Струга, Јегуновце, Ново Село, Центар Жупа, а од друга страна има зголемување на бројот на советниците во општините: Студеничани, Карпош и Кисела Вода – рече Кацарска.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top