Македонија

Бугарија ѝ помогнала на Македонија со 1,5 милиони лева за настраданите во Кочани

Петнаесетмина повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ се лекуваа во болници кај источниот сосед

Министерскиот совет на Бугарија ја одобри Одлуката за обезбедување бесплатна хуманитарна помош на Македонија во вкупен износ од 1.490.765 лева (околу 716.000 евра) во врска со трагедијата во Кочани што се случи ноќта меѓу 15 и 16 март, соопшти владината прес-служба.

Помошта вклучува авиомедицинска евакуација на осум лица со воен авион „Спартан“ во вкупна вредност до 70.000 лева, како и медицинска евакуација на шест лица со специјализиран медицински транспорт со копнено медицинско возило (брза помош) во вкупна вредност од 9.300 лева, како и лекување на 15 пациенти во медицински установи за болничко лекување во Бугарија во вкупна вредност од 1.352.000 лева.

Сместувањето на членовите на семејствата на жртвите чинело вкупно 59.465 лева.

 

Најнови вести од: Македонија

Сијарто: Унгарија ќе ѝ помогне на Србија во снабдувањето со енергенси и ја поддржува нејзината интеграција во ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска е во Белград за да разговара за деталите за тоа како Унгарија ќе ѝ помогне на Србија откако беа прекинати испораките на нафта од Хрватска, изјави министерот во видео објавено на Фејсбук.

Труење со храна во основно училиште во Влае

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, денеска спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје.

To top