Македонија

(Видео): Со години масовно труење во Струга без никаква одговорност

Во Струга се одржа протест против загадувањето на воздухот од депонијата. Од иницијативата Зелена народна стража посочуваат дека ова не е само протест против загадениот воздух, туку борба против дводецениското труење на стружани и околните жители.

Во Струга се одржа протест против загадувањето на воздухот од депонијата. Од иницијативата Зелена народна стража посочуваат дека ова не е само протест против загадениот воздух, туку борба против дводецениското труење на стружани и околните жители.

„Депонијата во Струга е една од најопасните депонии во Македонија, која со токсични гасови и тешки метали, освен воздухот, ја загадува и почвата и реката Црн Дрим. Секоја година се фрла повеќе од 40.000 тони високо токсичен отпад. Депонијата се наоѓа на само 2 километри од Охридско Езеро. Стружани не можат ни прозор да отворат. Децата не можат да нормално да растат. Од година во година се зголемува бројот на случаи со канцер“, посочуваат од иницијативата, од каде изработија и видео.

„Колку години треба да поминат за надлежните да сфатат дека не се поголеми од природата? Доста беше. Ве охрабруваме сите да излезете на протест и блокада“, стои во соопштението на Зелена народна стража.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): За три дена решен проблемот со радарот, претходно со години никој не се грижел за резервни делови

Радарот на скопскиот аеродром е повторно ставен во функција, соопшти денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, додавајќи дека проблемот бил решен во рекордно време за само три дена.

Ибрахими до Ахмети и ДУИ: Вие сте алчни, со болни амбиции за моќ и пари, ги уништувате стремежите на албанскиот народ за еднаквост и правда!

Орхан Ибрахими, поранешниот пратеник од редовите на ДПА во Собранието на Македонија, сега основач и еден од тројцата членови на Управниот совет на политичкото движење „Арберија“, кое ѝ се приклучи неодамна на коалицијата Вреди, во својот жесток напад кон ДУИ вели дека таа и не е партија, туку „параполитички субјект“, кој “парадира од 2002 година и сега во секој изборен циклус со чудни коалиции и со анахрони агенди“!

To top