Македонија

Дури 37 опомени за непочитување на законските измени – многу граѓани не се запознаени

Санкциите од новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата не ги остави рамнодушни ни пешаците и велосипедистите, ниту возачите. Секој се наоѓа погоден, но и нерамноправен во санкционирањето.

Дури 37 опомени добиле граѓаните во главниот град бидејќи не ги почитувале новите сообраќајни правила, односно поминале на пешачки премин користејќи мобилен телефони или слушалки. Новите законски измени втор ден се на сила, но дел од граѓаните се уште не се запознаени.

Јавноста во прашалници дали кога поминувааат регуларно на пешачки рпремин на зелено светло им се прекршува правото на слобода ако користат мобилен телефон или слушалки. Според експертите и тие се учесници во сообраќајот кои ја делат истата одговорност со остаататие учесници.

Групата скопски велосипедисти „На точак“ реагира на казните за пешаци, велосипедисти и возачи на електрични тротинети доколку користат слушалки или електронски уреди во сообраќај. Тие сметаат дека со ова решение се нарушува принципот на еднаков третман и дека пешаците и велосипедистите се ставени во позиција на поголема одговорност од возачите на моторни возила.

Според нив, казните се поставени наопаку: за велосипедист со слушалки глобата изнесува 50 евра, без исклучок. За пешак кој користи мобилен уред глобата е 40 евра, исто така без исклучок. За возач на автомобил, пак, глобата за користење телефон е 40 евра, но само ако се докаже дека ја загрозил безбедноста во сообраќај – што, како што велат, значи дека треба да се случи несреќа за да има казна.

Новите сообраќајни правила започнаа да важат од вчера. Казната за преминување пешачки премин со телефон во рака или на уво изнесува 40 евра. За возење тротинет или мотор со користење електронски уред, глобата е 50 евра. Од министерството за внатрешни работи велат дека ќе почнат со казни кога граѓаните ќе бидат запознаени со новите измени во законот.

Најнови вести од: Македонија

По покана од Марко Рубио, Муцунски утре и задутре во Вашингтон

Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.

To top