Македонија

Во дебатата за Бугарија во Стразбур цитиран големиот Петре М. Андреевски

Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира

Во денешната расправа за прекин на мониторингот за Бугарија од Парламентарното Собрание Советот на Европа се обрати и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска кој укажа на причините зошто ПАЦЕ треба внимателно да ги следи состојбите со човековите и малцинските права во оваа земја каде Македонците се уште се под силна дискриминација од државните институции.

Во дебатата преходно беше истакнато дека иоколу 90 пресуди на Судот за човекови права во Стразбур се уште не се имплементирани од Софија а една третина се постари од 10 години.

Петрушевска на почетокот се заблагодари на известувачите за овој важен извештај од кој се гледа дека Бугарија продолжува да одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права.

,,Како што е нагласено во Извештајот, остануваат сериозни загрижености во врска со човековите права, вклучително и оние на етничките Македонци. Македонците не се вклучени во програмите за малцинствата, тие не добиваат никаква помош и немаат претставници во консултативните тела. Нивниот јазик, литература и историја не се изучуваат и им е спречено да основаат организации за да ги бранат своите права. Да ве потсетам дека признавањето како „национално малцинство“ од Бугарија не е предуслов за заштита според Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства.

Главната грижа во овој поглед останува неизвршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, особено во случаите УМО Илинден и други против Бугарија. Бугарија веќе 18 години одбива да го регистрира ова здружение”, рече Петрушевска која посочи дека македонското малцинство во Бугарија и неговите организации се симбол на храброста и на демократската борба за нивните најосновни човекови права.

,,Почитувани колеги, постои македонски роман „Пиреј“ од Петре М. Адреевски:
Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.

Цврсто верувам дека, без разлика на однесувањето на бугарските власти, македонското малцинство секогаш ќе се преродува, секогаш ќе се крева и секогаш ќе опстојува”, порача Петрушевска во Стразбур.

Петрушевска својата реакција ја објави во дебатата во која се зборуваше дали Бугарија заслужува по 25 години да не биде под мониторинг на своите механизми за човекови права и владеење на правото.

Повеќе на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top