Македонија

Пешевска од Стразбур: ЕУ да ја исправи долгогодишната неправда кон Македонија

Пратеничката со повик до Брисел од заедничкиот парламентарен комитет ЕУ – Република Македонија

Пратеничката Жаклина Пешевска од 24. состанок на заедничкиот парламентарен комитет ЕУ – Република Македонија во Стразбур говореше на тема „Владеење на правото и борба против корупцијата“.

„Презентирајќи ја досегашната работа и посветеноста на Владата на Република Македонија во поглед на реформите во судството, потенцирав дека со сите реформи што се случуваат во Македонија и со сите вредности што ги споделуваме, природно припаѓаме на европското семејство, само треба што поскоро да се официјализира нашето членство и конечно да се исправи долгогодишната неправда!“, порача потпретседателката на Интернационалната демократска унија и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top