Македонија

Мицкоски: Димче и Левица одработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип!

„На 19 октомври македонските граѓани имаат историска можност да излезат масовно низ цела Македонија, да го заокружат бројот 9 и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за вистинскиот избор, за својот човек, за своето место, за својата иднина.“ – порача премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од синоќешниот народен митинг во Виница.

„На отворена сцена гледаме непринципиелна коалиција, која мораме да ја изнесеме на чистина. Тоа е коалиција која ја направија ДУИ и Левица, тоа е коалицијата која ја направија Али Ахмети и Димче Апасиев. Оваа коалиција е многу опасна. Зошто? Затоа што во минатото активистите и членовите на Левица како дел од така наречената ‘Шарена’, или ‘Обоена револуција’, уништуваа, бојадисуваа, палеа државен имот, уриваа држава. Ги видовме како добиваат скапо платени хонорари од Специјалното јавно обвинителство, а во последно време и како влечат партиски пари за личните удопства и луксузи, што ги имаат.“ – кажа премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на синоќешниот народен митинг во Виница.

Според Мицкоски, како што нагласи, Димче и Левица одработуваат за новиот стопан Али и затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип. Мицкоски се наврати и на кажувањата на Зоран Заев од минатото кога на собраниската говорница му се обраќал на Димче Апасиев пред едни избори, велејќи му „нели јас и ти се договоривме да ти обезбедам ресурси, да ти обезбедам средства, за да добиеш некој глас повеќе, за да добиеш некое удопство повеќе, а по изборите да бидеме заедно во коалиција и да ја спасуваме Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан“, на што Апасиев ја наведнал главата и си заминал од собраниската сала“.

„Денес ги гледаме истите овие од Левица со нов стопан. Но, овој стопан е од Зајас, се вика Али Ахмети, па ќе видите како низ Македонија во општини каде што апсолутно немаат ниту теоретски шанси да освојат градоначалник, тие кандидираат кандидати за градоначалници, како во Тетово, како Гостивар и Струга.“ – посочи премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека, ако се чувствуваат толку силни и веруваат во себе, зошто не кандидирале кандидат за градоначалник во родниот град на Апасиев во Велес, или во Штип, во родниот град на вториот по важност во Левица Крмов. „Одговорот е многу едноставен: тие се таму во прокси–улога, заради потребите на ДУИ и имаат за цел да ги акумулираат гласовите против ДУИ и Ахмети, со цел да му удоволат на нивниот нов стопан Али Ахмети и ДУИ.“ – рече Мицкоски

Затоа, порача тој, на 19 октомври македонските граѓани имаат историска можност да излезат масовно низ цела Македонија, да го заокружат бројот 9 и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за вистинскиот избор, за својот човек, за своето место, за својата иднина.

Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на синоќешниот митинг во Виница истакна дека локалната власт е првиот и најблискиот контакт на граѓанинот со институциите, но оти локалната власт не може сама да носи големи промени, за тоа, вели, потребна е силна поддршка, потребна е Влада и водство, кое знае да отвора врати и да обезбедува средства, односно да создава можности. Според него, само со „заедничка работа на градоначалникот, советниците и Владата – можеме да се донесеме вистински промени, да реализираме проекти и да изградиме иднина, со која сите ќе се гордееме“.

„Нашата сила е во заедништвото. Кога локалната власт и Владата се на иста страна, кога премиерот е со нас, кога градоначалникот и советниците работат заедно, тогаш нема пречка, што не може да се надмине. Со гласањето за 9 ја давате довербата на нашата локална власт, а таа е доверба, што ќе ја донесе и Владата поблиску до вас. Довербата во градоначалникот и во советничката листа со број 9 е доверба и обврска тие да работат со поддршка од Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Тоа заедништво ќе ја донесе иднината што ја заслужувате.“ – порача Ковачки.

Митко Костадиновски, кандидат за градоначалник за општина Виница од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, на митингот истакна дека изминатите четири години општина Виница ја карактеризираа позитивни промени, проследени со многу реализирани проекти и решени проблеми. Тој вети дека ќе работи одговорно, отворено и отчетно, без никаква толеранција кон корупција и во интерес на граѓаните.

Костадиновски појасни дека програмата е изработена согласно со потребите и барањата на граѓаните на општина Виница и ги наведе приоритетните проекти како што се изградба на спортска сала, реконструкција на градски парк, обнова на зелени површини како и проектите во областа на сообраќајот, на патната инфраструктура, донесување нови урбанистички планови и формирање зона за мало стопанство, а сето тоа заради развој на општина Виница.

„Во урбанизмот ќе работиме на донесување нови урбанистички планови за Виница и населените места, што ќе значат развој на Општина Виница. Ветуваме наскоро и формирање зона за мало стопанство во месноста ‘Скараница’ во село Блатец, која ќе биде распростанета на 24 хектари. Во неа ќе бидат предвидени 29 градежни парцели за продажба.“ – истакна кандидатот за градоначалник Костадиновски.

 

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

To top