Свет

За сите има столче во Копенхаген освен за Српскиот претседател?(ВИДЕО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој учествува на самитот на европските лидери во Копенхаген, имаше проблем да го најде местото на кое треба да седне

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој учествува на самитот на европските лидери во Копенхаген, имаше проблем да го најде местото на кое треба да седне.

На социјалните мрежи кружи видео од српскиот претседател, на кое се гледа како тој влегува во просторијата каде што се одржува самитот, каде што сите присутни се сместени, освен тој. Наместо да седне на своето место, Вучиќ разгледуваше наоколу како да не му е јасно каде треба да седи.

Додека збунето разгледуваше низ просторијата, барајќи некој да му помогне, но бидејќи никој не му пријде на помош, тој се обиде да седне до македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова, но лице од протоколот го предупреди дека тоа не е неговото место.

 

https://x.com/BorkoStef/status/1973824049559253457

Најнови вести од: Свет

Ормускиот Теснец ќе биде отворен, но ако Иран наплаќа такса

Техеран тврди дека трајниот мировен договор треба да му дозволи да наплаќа такси за бродовите што минуваат низ теснецот, кои би варирале во зависност од видот на бродот, неговиот товар и преовладувачките услови

Паѓа рејтингот на Мерц, расте популарноста на АФД

Популарноста на германскиот канцелар драстично опадна во неговата прва година на функцијата, при што рекордни 77% од испитаниците во анкетата на INSA рекле дека се незадоволни од неговата работа, што е зголемување од 6 поени во однос на април.

To top