Македонија

Пушењето тутун Македонија ја чини 5000 луѓе и речиси 1 милјарда евра годишно

И после се чудиме што не снашло

Неверојатни но вистинити бројки на смртни случаи и финансиска штета од пушење тутун откриена на конференцијата за контрола на тутунот што се одржа во Скопје.

Заменичката шефица на мисијата на УНДП во Скопје Ана Чернишева открива дека пушењето тутун Македонија ја чини 5000 луѓе и речиси 1 милјарда евра годишно.

Според истражувањето на оваа тема во Македонија тутун пушат речиси половина од граѓаните што е меѓу највисоките стапки на континентот.

,,На #TobaccoControl Skopje, експертите и партнерите се обединуваат за да се справат со стапката на пушење во Македонија од 48,4% – една од највисоките во Европа. Тутунот предизвикува повеќе од 5.000 смртни случаи и чини 5,6% од БДП годишно. Горди сме што го споделуваме истражувањето на Програмата за развој при Обединетите Нации: еден денар инвестиран во политики поддржани од Светската здравствена организација дава 18 денари и спасува животи”, порачува Ана Чернишова.

Најнови вести од: Македонија

To top