Свет

Осуден на смрт за критики кон претседателот

Оваа одлука предизвика силни јавни реакции и негодување на социјалните мрежи, а бројни активисти за човекови права ја окарактеризираа како обид за заплашување на сите критичари на владата.

Сабер Шушан (56) од Тунис е осуден на смрт поради објави на социјалните мрежи во кои го критикувал претседателот Каис Саид, објави „Дејли меил“.

Адвокатот Осама Бутаље изјави дека судот во градот Набел го осудил неговиот клиент за навреда на претседателот преку интернет и дека веќе е поднесена жалба против пресудата.

Бранителите нагласуваат дека Шушан не е политички активист, туку слабо образован работник кој ја изразил својата фрустрација од тешките економски услови и политиките на претседателот.

  • „Веќе живееме во сиромаштија, а сега на тоа се додава угнетување и неправда“, рече неговиот брат.

Иако смртната казна е законски дозволена во Тунис, таа не е извршувана повеќе од три децении. Одлуката предизвика силни реакции на социјалните мрежи, а активисти за човекови права ја оценуваат како обид за заплашување на сите критичари на владата.

Најнови вести од: Свет

Ормускиот Теснец ќе биде отворен, но ако Иран наплаќа такса

Техеран тврди дека трајниот мировен договор треба да му дозволи да наплаќа такси за бродовите што минуваат низ теснецот, кои би варирале во зависност од видот на бродот, неговиот товар и преовладувачките услови

Паѓа рејтингот на Мерц, расте популарноста на АФД

Популарноста на германскиот канцелар драстично опадна во неговата прва година на функцијата, при што рекордни 77% од испитаниците во анкетата на INSA рекле дека се незадоволни од неговата работа, што е зголемување од 6 поени во однос на април.

To top