Македонија

Мицкоски: Дали СДСМ под дом ги подразбира хациендата на Халкидики и Дубаи?

На предизборниот митинг во Ново Село, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се осврна на слоганот на СДСМ „Се бориме за нашиот дом!“,

facebook.com/MickoskiHristijan

На предизборниот митинг во Ново Село, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се осврна на слоганот на СДСМ „Се бориме за нашиот дом!“, прашувајќи се за кој дом мислат: дали за домот во Дубаи, хациендата на Халкидики, фирмите во Петрич и Сандански или за јахтата што сите ја виделе. „Луѓето имаат дилема, а мојот одговор е дека тие имаа седум години да мислат за нашиот заеднички дом – татковината Македонија, но мислеа само за својот џеб“, рече Мицкоски, додавајќи дека СДСМ се наоѓа под психолошкиот и биолошки минимум, а нивниот главен предизвик на изборите ќе биде дали ќе освојат 110, 120 или 130 илјади гласови.

Од митингот во Босилево, Мицкоски им порача на ривалите да извлечат поуки од минатите грешки, обвинувајќи го лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека е континуитет на политиките на „гуруто“ Зоран Заев. Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за заедничкиот дом – Македонија, а не за лични интереси.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top