Македонија

Меџити во предност во изборната трка против Османи – покажува нова анкета

Резултатите од анкетата велат дека во вториот круг 28,8% би го поддржале Меџити, а 25,4% Османи

Кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, има предност од 3,3 проценти пред кандидатот на ДУИ, Бујар Османи.

Ова го покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС), спроведена за МРТ во текот на октомври на примерок од 1.004 испитаници преку телефонско анкетирање со жители на Чаир.

Резултатите покажаа дека 27,5% од граѓаните на Чаир имаат најголема доверба во Меџити и на изборите ќе гласаат за него. За Бујар Османи од ДУИ се изјасниле дека ќе гласаат 24,2% од испитаниците.

Кандидатот Ицо Колевски добил поддршка од 1,1%, додека 47,2% се неопределени или не одговориле.

Следното прашање на анкетата се однесува на втор круг од локалните избори во Чаир, под претпоставка дека во него ќе одат Меџити и Османи. При ваква состојба, анкетата покажува дека следен градоначалник на Чаир ќе биде Изет Меџити од ВРЕДИ.

Резултатите од анкетата велат дека во вториот круг 28,8% би го поддржале Меџити, а 25,4% Османи.

Во делот на поддршката за партиите, поточно за советничките листи, ВЛЕН добива најголема доверба со 22,4%, пред ДУИ со 20,3%.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top