Македонија

Уништени 83 килограми храна во училишни кујни и градинки

Агенција за храна и ветеринарство

Три градинки и едно училиште парично се казнети од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Несоодветно чувале и приготвувале храна за деца, а хигиената во кујните не била на задоволително ниво, констатирале инспекциските служби на АХВ за време на контролите во воспитно образовните установи во цела Македонија. Само во септември со почетокот на учебната година инспекторите спровеле 23 вонредни надзори во училишта и 91 контрола во градинки.

– За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки,  и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна. Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна. За утврдените недоследности во училишните кујни, инспекторите од АХВ изрекле една парична казна, а биле донесени пет решенија со наредба за нивно отстранување, изјави Оливер Миланов, директор на АХВ.

За време на септемвриските контроли во градинки и училишта инспекторите наредиле уништување на вкупно 83 килограми храна.

https://www.youtube.com/watch?v=8HrTmkmB4jE

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top