Македонија

Филипче не сака да разговара со „предавници“ на СДСМ

Претседателот на СДСМ му одговори на градоначалникот на Куманово и лидер на „За наша Македонија“, Максим Димитриевски, кој побара јавен дуел со него

 

„Слушам Максим Димитриевски, пиунот на Мицкоски, барал дуел со мене. Јас со предавници на социјалдемократската идеја и подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ не дебатирам“, изјави Филипче пред насобраните граѓани од трибината „Се бориме за нашиот дом“ во Прилеп,

Тој додаде дека граѓаните во Куманово веќе ги препознале, како што рече, измамите на Димитриевски и дека времето на предавството кон социјалдемократските вредности е завршено.

„ Дали Максим се плаши дека е пуштен низ вода откако еднократно го искористија, тоа ли е стравот? Или пак стравот е затоа што е разоткриен од граѓаните кои ги излажа на претходните избори? Секој кој решил да ги предаде идеалите за функција не опстанал“, порача лидерот на СДСМ.

Филипче го обвини Димитриевски дека ја злоупотребува власта и дека неговото владеење во Куманово е исполнето со, како што рече, криминал, шурување со ДУИ и лични интереси.

„Се сместија тој и неколкумина околу него удобно во Влада и заборавија на ветувањата. Шуруваат со ДУИ, прават криминал во Куманово, а ветувањата за правда испарија. Затоа граѓаните ќе ги казнат на овие избори“ .

На крајот, тој порача дека Димитриевски ќе мора да се соочи со институциите, а не со него.

„После сите афери и сомнежи за станови, за парцели, ќе треба да се спреми за дуел со правдата, обвинителството и судството“,  рече Филипче.

Најнови вести од: Македонија

Бесплатни автобуси за „Бела ноќ 2026“ во Скопје

По повод културната манифестација „Бела ноќ 2026“, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ќе обезбеди бесплатен јавен превоз за сите граѓани. Манифестацијата ќе се одржи во сабота, 3 октомври, од 18:00 часот до 03:00 часот наредниот ден. Од ЈСП Скопје информираат дека бесплатниот превоз е организиран со цел граѓаните непречено да присуствуваат на настанот и навреме да […]

Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата е стратешки приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и 10.

Заветот на Анте Поповски до Македонците да ги зачуваат Македонија и својот македонски јазик и неговите пораки до Европа

„Јазикот на еден народ е негов златен штит, негова татковина и најголема духовна вредност. Пеев уверен дека она што го пеам на ниеден друг јазик не може да се испее освен на јазикот на големата судбина на Македонците. Тие, чија адреса е запишана во Библијата, кријат некоја тајна за иднината на светот: зашто тие се сеќавање на свеста, на вековите кои одминале. Оган – кој не згаснува.“ – има напишано за македонскиот јазик и народ великиот поет на македонската кауза Анте Поповски. Тој почина на денешен ден, на 1 октомври 2003 година. Оваа 23-та годишнина од неговата смрт е соодветен повод за ново навраќање кон творештвото на овој волшебник на македонската поетска реч и кон неговите вонвременски пораки, кои еднакво силно одекнуваат и денес

Предлог упатство за однесување со политички позери без перспектива

Некогаш силната, а сега испустена опозициска партија ги урива сите мостови меѓу себе и гласачкото тело. Уште полошо, меѓу себе и реалноста. Раководствто на СДСМ одбива да го види она што се гледа од вселената, дека ужасно длабоко е потонато во безидејност, некадарност, политичка недугавост, автодеструктивен инает кој полека се отелотврува во соголено национално предавство

To top