Македонија

Санкциите за српската НИС нема да ја засегнат Македонија

Најголем дел (речиси 86%) од нафтата која е достапна во земјава е од увоз од Грција, додека од Србија се увезува помалку од 1%, одговорила Регулаторната комисија на енергетика (РКЕ)

Санкциите на САД врз НИС нема да влијаат врз пазарот на нафта во земјава, затоа што најголем дел (скоро 86%) од нафтата која е достапна во земјава е од увоз од Грција, додека од Србија се увезува помалку од 1%, одговорила Регулаторната комисија на енергетика (РКЕ) на прашање на Локално.мк.

Согласно Годишниот извештај за 2024 година трговците на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, го вршеле увозот на нафтените деривати во земјава од 11 држави, при што најмногу нафтени деривати биле увезени од соседните држави: и тоа од Грција 85,98%, од Бугарија 10,49%, Албанија 2,27%, Србија 0,96%, Црна Гора 0,15%, Романија 0,09% и мал процент на увоз од други земји“, одговориле од РКЕ.

Од вчера во сила се американските санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) поради мнозинската руска сопственост во компанијата.

Компанијата објави дека во моментов се обезбедени доволни резерви на нафта за преработка, а бензинските станици се соодветно снабдени.

НИС е најголема енергетска компанија во Србија, контролира повеќе од 80 отсто од пазарот на нафтени деривати, со единствена рафинерија во Панчево и преработува сурова нафта што во најголем дел доаѓа од Русија, преку Хрватска или Унгарија.

Хрватска е директно засегната бидејќи голем дел од увозот на нафта за НИС оди преку државниот Јадрански нафтовод, поради што само до 31 декември Хрватска ќе загуби 18 милиони евра.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top