Свет

Израел ослободува 1.966 палестински затвореници во замена за заложниците

Меѓу нив се 250 осудени терористи кои ќе бидат ослободени дури откако Хамас ќе ги предаде последните израелски заложници што сè уште се држат во Газа

Сите 1.966 палестински притвореници кои треба да бидат ослободени како дел од договор меѓу Израел и Хамас се качија на автобуси, изјави израелски функционер вклучен во операцијата, цитиран од „Тајмс оф Израел“.

Меѓу нив се 250 осудени терористи кои ќе бидат ослободени од затворот Офер на Западниот Брег – но дури откако Хамас ќе ги предаде последните израелски заложници што сè уште се држат во Газа.

Арапските медиуми објавија дека тимови на палестинската Црвена полумесечина влегле во Офер за да префрлат болен затвореник на списокот за ослободување.

Останатите 1.718 притвореници од Газа уапсени за време на војната ќе бидат ослободени од затворот Кезиот во јужен Израел и вратени во Појасот Газа. Тие наводно ќе бидат примени во болницата Наср на јужната палестинска територија.

Според Ројтерс, пред болницата веќе се собрала толпа, вклучувајќи околу десетина вооружени и маскирани борци за кои се верува дека се од военото крило на Хамас.

Операцијата за размена продолжува под силно обезбедување, бидејќи Израел и Хамас се придржуваат до кревкото привремено примирје за кое посредуваа Катар и Египет.

Најнови вести од: Свет

Сикорски му порача на Маск: Одлетај на Марс, таму нема цензура за нацистички поздрави

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски му упати остар одговор на американскиот милијардер Илон Маск, кој во серија објави на платформата X повика на „ликвидација на Европската унија“ по казната од 120 милиони евра за кршење на европските регулативи за содржина.

„Скромниот“ Трамп го додаде својот роденден како национален празник

Американските национални паркови во 2026 година повеќе нема да нудат бесплатен влез на Денот на Мартин Лутер Кинг Џуниор и на Џунтинт, но ќе го воведат роденденот на претседателот Доналд Трамп (14 јуни) како еден од „патриотските“ денови резервирани само за американски граѓани и жители.

To top