Македонија

ДУИ: Пак недостигаат Албанци во клучни институции

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост во врска со неодамнешните извештаи за недоволната застапеност на Албанците на позициите за донесување одлуки во државните институции на Република * Македонија. Според анализа објавена во неколку медиуми, Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции, вклучувајќи го Претседателството, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за спорт, Народната банка, […]

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост во врска со неодамнешните извештаи за недоволната застапеност на Албанците на позициите за донесување одлуки во државните институции на Република * Македонија.

Според анализа објавена во неколку медиуми, Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции, вклучувајќи го Претседателството, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за спорт, Народната банка, МЕПСО и Агенцијата за администрација“, вака реагира ДУИ преку соопштение за медиумите.

Според нив, оваа диспропорција е особено загрижувачка откако Уставниот суд го укина механизмот „Балансерот“ на 9 октомври 2024 година, кој претходно обезбедуваше правична застапеност на заедниците во државната администрација.

„По оваа одлука, недостатокот на ново законско решение доведе до исклучување на Албанците од клучните позиции за донесување одлуки. ДУИ нагласува дека фер и соодветна застапеност на сите заедници е фундаментален столб на Охридскиот договор и предуслов за рамноправно и демократско општество.

Ги повикуваме надлежните институции да преземат итни мерки за справување со оваа нееднаквост и да обезбедат фер застапеност на Албанците на сите нивоа на јавната администрација. ДУИ останува посветена на работата кон рамноправност, фер застапеност и целосна интеграција на Албанците во институционалниот живот на земјата“, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Нa меѓународниот ден на детото, ученици пред собранието со настап против насилство во училиштата

На Меѓународниот ден на детето, 1 Јуни, пред Собранието на Македонија се одржа изведба на социјален танц театар на тема насилството во училиштата, подготвен и изведен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар, во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Програма за мировно образование.

To top