Македонија

Зафировски: Ако казната од 40.000 евра на „Пулс“ не е платена, има ли поголем доказ за инволвираност на врвот на власта на СДСМ во матните работи во државата?

Легитимно прашање

ИРЛ му направија „мечкина услуга“ на СДСМ. И тука нема назад, потенцира универзитетскиот професор и поранешен прв антикорупционер Воислав Зафировски во „За или против“ со Љупчо Цветановски. Вели дека треба да бидемена чисто дека никој не може да ме убеди дека во приказната со Кочани не се инволвирани голем број луѓе од претходната владејачка гарнитура, не само на локално, туку ина централно ниво.

-Дефинитивно, локалниве избори протекуваат низ една валкана кампања каде што сите средства, сите оружја се користат за да се дискредитира и девалвира  на локално ниво, да се девалвира и дискредитире и се што е постигнато на централно ниво, и за жал, се злоупотребува судбината на загинатите од 16-ти март во трагедијата во Кочани. Тоа им е главниот адут во обидот да дојдат до глас повеќе. Целата таа приказна е јалова од аспект на тоа што знаеме дека се спроведе една обемна, детална и длабинска истрага која на површина исфрли голем број на луѓе кои се одговорни и против кои е поднесеноп обвинение.

Зафировски потенцира што секогаш, сите т.н. „свиркачи“ на СДСМ, како и во случајот со ИРЛ со нецелосната сторија за „Пулс“, се на високи позиции и дека сега треба да одговараат за изнесеното од ЈО, притоа алармирајќи и на фактот дека со ова се загрозуваат доказите во постапката.

-ИРЛ му направија „мечкина услуга“ на СДСМ. И тука нема назад. Мислам дека никој не може да ме убеди дека во приказната со Кочани не се инволвирани голем број луѓе од претходната владејачка гарнитура, не само на локално, туку ина централно ниво. Тука да сме на чисто, вели безбедносниот експерт.

-Прашањето е она кое го поставивте со право – Дали е платена казната или не е? Во разговорот се вели дека е интервенирано кај бившиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и ако казната не е платена – што сакате повеќе? Или има ли поголем доказ од тоа? Доказ дека луѓе од највисоките кругови на централната власт на СДСм се директно инволвирани во матните работи во оваа држава, заклучува универзитетскиот професот Зафировски.

Најнови вести од: Македонија

Психологот Атанасова: Недостигот на емпатија клучен фактор за меѓуврсничкото насилство

Случаите на меѓуврсничко насилство, како неодамнешниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, се сигнал дека кај младите се јавува недостиг на емпатија, а зад насилното однесување најчесто стојат повеќе причини, меѓу кои потребата за докажување моќ, наталожен бес и гнев или уверување дека сторителите ќе избегнат одговорност, оцени Кристина Атанасова, психолог во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“

(Фото): Премиерот го пречека претседателот на Европскиот совет во Владата

Во фокусот на разговорите со лидерите од регионот се можностите и предизвиците поврзани со процесот на проширување на Европската Унија, постепената интеграција, регионалната соработка, како и прашањата за безбедноста и стабилноста.

To top